Македонија
Судскиот совет денес ќе бара начин како да ја врати на функцијата претседател бесправно разрешената Весна Дамева
Судскиот свет денес ќе ја разгледува пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Весна Дамева од функцијата претседател на Судскиот совет.
Советот вчера извести дека кај нив пристигнала пресудата од Управниот суд по која треба да постапат во рок од 30 дена и нема право на жалба.
Дамева беше разрешена од функцијата претседател на Советот во април минатата година. Членови на Советот се посомневаа дека го скрила писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер во кое го критикува судството, но јавно не го кажаа тоа и како причина и без соодветно образложение на тензична седница со која претседавањето го презеде заменик-претседателот Селим Адеми надвор од пропишаните постапки беше изгласано разрешување на Дамева. Таа поднесе тужба до Управниот суд, кој минатата недела пресуди во нејзина корист, ја поништи одлуката за нејзино разрешување и го задолжи Советот да постапи по пресудата. Судската фела, по оваа пресуда, речиси едногласно коментира дека Дамева треба да се врати на функцијата претседател, а Судскиот совет треба да најде начин како да изведе тоа оти уште веднаш по разрешувањето на Дамева, за претседател го избра Сашко Георгиев, кој повеќе од половина година ја извршува функцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стабилно и студено со ниски утрински температури
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредниот период
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен приклучок Ф200мм. на улица Титовелешка бб.со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Маџир Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сообраќајка на патот Прилеп-Битола, сообраќајот во прекин
Од 21 часот сообраќајот на регионалниот пат Р – 1101 Прилеп – Битола кај селото Тополчани е во прекин.
Како што соопшти АМСМ во вонредниот извештај, прекинот е поради случена сообраќајна несреќа.
Во моментов нема податоци за учесниците во несреќата, ниту за можни повреди.

