Македонија
„СФЕРА Македонија“ со донација за посебните паралелки во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола
„СФЕРА Македонија“ како дел од проектот „Граѓаните се обединети“ од програмата „Европско граѓанство“, добиен од ЕУ, направи донација од 9 нови врати за паралелките со посебни потреби во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола. Донацијата комплетно ги заменети старите дотраени врати со нови медијапански.
„Тој проект има една цел за соединување и здружување на сите млади деца од маргинализираните групи, деца со посебни потреби и деца од мигранти што ги имаме во сите држави од ЕУ и плус државите Македонија и Турција, кои се надвор од ЕУ. Денес, во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ донираме девет врати за паралелките со посебни потреби, каде што ќе може да ги користат во секојдневна употреба. Ова е прв дел од проектот, а потоа следува едукација и интеграција во мултиетничките заедници што ги имаме во нашиот град“, рече Милчо Дули, претседател на здужението „СФЕРА Македонија“.
Во учебната 2017/2018 година во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ наставата ја следат 611 ученици во редовните паралелки и 40 ученици во посебните паралелки. Наставата во посебните паралелки ја изведуваат 11 дефектолози и еден логопед.
„Со цел изведување квалитетна настава потребно е да се овозможи здрава и безбедна средина каде што ќе престојуваат учениците и каде што ќе учат. Од тие причини ние, покрај соработката со Министерството за образование, Бирото за развој на науките и локаната самоуправа градиме соработка со граѓанските здруженија. Голема благодарност до СФЕРА, која ни ги донира овие врати“, рече Валентина Стојкоска, директор на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“. Со цел продлабочување на соработката и развој на училиштето директорката ги повика сите граѓански здруженија активно да се вклучат во работењето на училиштето, да достават и свои програми што тие како училиште ќе ги вклучат во годишната програма за настава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.
Македонија
Нека е со среќа, нека е аирлија, порача Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“
Во Тетово денеска беше пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ .
На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој изрази задоволство што за само неколку месеци со, како што рече, силна и посветена работа, е завршена реконструкцијата на гимназијата.

– Тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина Тетово коишто го поддржаа овој проект, да се заблагодарам на Министерството за образование, на сите оние коишто се добронамерници за Тетово и тетовци и што изминатиов период се дел, би рекол, од многуте проекти коишто се реализираат во Општина Тетово, изјави Мицкоски.
На учениците и на наставниците од училиштето тој им посака успеси во работата односно во учењето и, рече, „уште многу успешни тетовчани да произлезат од клупите на ова училиште“.

– Нека е со среќа, нека е аирлија и да ни се множат уште многу вакви успешни проекти, додаде премиерот.

