Македонија
Таборот на Села најави промена на министрите Меџити и Алиу: „Оваа работа денес ќе биде завршена“
Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците, Аднан Незири, изјави дека денес ќе бидат разрешени министрите од редовите на нивната партија – Фатмир Меџити за здравство и министерот за информатичко општетство и администрација, Азир Алиу.
Незири рече дека врз основа на идеолошките и програмски определби на Алијансата, како автономна партија со западна оријентација и дел од евро-атлантските министри, однесувањето на нивните двајца министри било спротивно на овие вредности и етничкиот кодекс, па Управниот совет одлучил да бидат разрешени од должностите.
„Оваа работа денес ќе биде завршена“, рече Незири додавајќи дека имаат мнозинство.
Незири, кој е од страната на Зијадин Села по несогласувањата со претседателот на Алијансата, Арбен Таравари, рече дека Управниот совет за министри ги предлага Илир Демири и Наим Бајрами.
Во врска со собирот на Таравари со некои од членовите на партиското Собрание, Незири рече дека собирот бил нелегитимен и присуствувале помалку од 40 члена.
Како што додаде, партијата не е поделена, туку претседателот е поделен од партијата, а партиските органи не биле почитувани. Тој му порача на Таравари дека партијата не функционира со статуси на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

