Македонија
ТАВ Македонија за инцидентот со косовската претседателка: Безбедносната проверка е стандардна процедура
Во врска со објавата за инцидентот кој се случи денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје, во ВИП-салонот, ТАВ Македонија известува дека во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство, ТАВ Македонија како аеродромски оператор има законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите, вклучувајќи ги и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот.
Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања спровел стандардна безбедносна проверка на косовската претседателка, Вјоса Османи, како и на нејзиниот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП- салонот, со цел обезбедување на конкретниот комерцијален лет.
„Сакаме да потенцираме дека авијациската безбедност не беше загрозена, поради тоа што споменатиот инцидент се случи во јавната зона на аеродромот, односно пред пунктот за безбедносна проверка на ВИП-салонот од каде ВИП-патниците откако ќе бидат проверени од Обезбедувањето се упатуваат во безбедносно-контролирана зона на аеродромот“, велат од ТАВ Македонија.
Исто така, потенцираат дека ВИП-салонот е посебна зграда изолирана од главната терминална зграда на скопскиот аеродром, што значи дека е комплетно неточно дека била загрозена безбедноста на патниците.
Претходно, МВР објави дека дошло до инцидент на Меѓународниот аеродром Скопје, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, поминувала гранична конторла пред нејзиниот лет.
Според информациите од полицијата, кога oд Османи било побарано да го остави телефонот и да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнало вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер.
По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнало да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. Притоа турнало и полициски службеник вработен на граничниот премин, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска Арабија, ја разгледува можноста за репатриација и евакуација на македонските граѓани затекнати во овој регион.
Граѓаните, како што е појаснето, ќе бидат евакуирани преку копнена граница кон Кралството Саудиска Арабија, и од таму со авиони кои полетуваат од територијата на Кралството Саудиска Арабија.
„Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и истиот би траел од 13 до 15 часа.
Преку формално барање/Нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин.
Списокот треба да ги содржи следните податоци:
– точни податоци (име и презиме)
– број на патните исправи со датум на важност,
– детали од кој граничен премин ќе влезат
– време и датум на пристигнување. и
– местото на пристигнување и заминување,
Молиме сите македонски граѓани кои се заинтересирани за ова можност да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532 како и на емаил адресата: [email protected]
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби“.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)

