Македонија
Талат Џафери, место да сработи нешто, три дена парадира низ државата како патувачки циркус, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Талат Џафери, откако стана премиер освен што парадира низ државата, како патувачки циркус, ништо нема сработено продуктивно. Главен е за пиење кафиња на плоштад, со службени возила и пречеци во Форино, додека и Македонците и Албанците немаат леб да јадат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Впрочем и што може да се очекува повеќе од кадрите на ДУИ, кои освен крадење на народни пари, преку милионски тендери и не знаат за друго.
Сето ова го дозволи сервилниот Ковачевски, кој на поклон им ја даде државата на ДУИ, само за да протурка уште некој ден повеќе на власт. Граѓаните со право имаат чувство дека ја имаат изгубено државата“, се додава во реакцијата од оваа партија.
Тоа, како што истакнуваат, ќе се промени веднаш по преземањето на власта на ВМРО-ДПМНЕ, и Македонија ќе се врати повторно на народот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

