Македонија
Талески: Обезбедивме поголеми плати за војниците за 100 а за полицајците за 35 проценти
Со СДСМ растат платите во сите сектори, работниците, граѓаните добиваат повеќе. Просечната плата СДСМ ја покачи на 39.000 денари, што се 630 евра, истакна Миле Талески, пратеник на СДСМ.
„Со СДСМ 630 евра, со ДПМНЕ само 360 евра. Тоа е повеќе за сите. СДСМ ги покачи платите во сите сектори. За вработените во МВР, СДСМ ги зголемени платите за 35 проценти. Дополнително исплатени се 6 бонус плати за одработени прекувремени работни часови. Ова значи вистинска грижа за вработените во полицијата и подобрување на социјалниот статус на полицијата, на дело“, рече тој.
Од 2020 година како што информираше, има воспоставено редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени часови прекувремена работа на годишно ниво, како гарантирано право на вработените во МВР согласно Колективниот договор. И сите бонус плати, според него, навремено се исплаќаат.
„А до 2016 не беа исплаќани и вработените ги наплаќаа по судски пат, што беше и малтретирање на вработените во полицијата и значеше оштетувања на државниот Буџет.
Во одбраната, професионален војник во време на ДПМНЕ во 2016 година примал 21.933 денари плата.
Со СДСМ, во 2022 година месечните приходи на војниците драстично се зголемуваат, особено со законското решение на исплата на месечна станарина за сите – и изнесуваат над 36.000 денари.
Од 2023 година, професионален војник добива уште поголем месечен приход, вкупно 45.979 денари, односно плата од 35.015 денари, плус скоро 11.000 денари за станарина“, нагласи Талески.
Појасни дека платите на НАТО единицата во 2023 се скоро 54.000 денари за професионален војник, и повеќе за повисоките чинови.
„Ова значат плати на држава членка на НАТО Алијансата. Над 100 проценти зголемени месечни приходи.
Со СДСМ продолжува растот на платите и пензиите во сите сектори“, потенцира пратеникот на СДСМ..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

