Македонија
Таравари и Ванхут разговарале за предвремени избори и за спорот со Бугарија

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска се сретна со поранешниот посредник на ЕУ за решавање на политичката криза во Северна Македонија, Питер Ванхут, кој пред неколку години придонесе за постигнување на пржинскиот договор.
„На средбата со белгискиот експерт Ванхут, кој е познат како одличен познавач на околностите во Северна Македонија, остваривме конструктивен разговор во кој допревме теми, како: потребата од предвремени парламентарни избори, спорот на Северна Макдонија со Бугарија. Исто така, ги идентификувавме националните приоритети, како што се економскиот развој, подобрувањето на здравствениот систем, образованието и судството“, рече градоначалникот Арбен Таравари.
На средбата било констатирано дека клиентелизмот е неприфатлив во функционална демократија бидејќи не ги третира сите граѓани еднакво, па затоа сите партии треба да имаат главен приоритет промена на клиентелистичкиот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.