Македонија
Таравари и честита на шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин за преземањето на претседавањето со ЕУ од Шведска
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, упати честитки до амбасадорката на Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин, по повод преземањето на следното претседавање со Европската унија (ЕУ) од Шведска.
Во оваа прилика тој посака Северна Македонија, под раководство на Претседателството од Шведска, официјално да ги отвори преговорите за членство во ЕУ.
„Почитувана амбасадорке Ами Ларсон Џаин, честитки за почетокот на шведското претседателство со ЕУ! Убеден сум дека шведското претседателство ќе го задржи моментумот на проширување на ЕУ и се надевам дека во текот на следниот семестар и Северна Македонија официјално ќе ги отвори преговорите за членство во ЕУ“, напиша на Твитер претседателот на АА, Арбен Таравари.
Инаку, на 1 јануари Шведска го презеде претседавањето со следното претседателство со Европската унија (ЕУ), кое се менува еднаш на секои 6 месеци. Шведска го презема претседавањето со ЕУ, познато и како Претседателство со Советот на ЕУ, од Чешка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.