Македонија
Тасевска: Преку дијалог до решенија, СОНК да се врати на разговорите, прекинот на наставата ќе биде на штета за децата
До решенија е можно да се дојде само преку дијалог, без какви било уцени. Разбирлива е потребата од достоинствено вреднување на трудот на секој работник, секако и на наставниците. Правото на штрајк е уставно загарантирано право, но исто така уставно загарантирано е и правото на образование, истакна на денешната прес-конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.
Од партијата апелираат СОНК да се врати на дијалогот, да продолжат разговорите, наставниците да се водат од интересите на учениците, кои се иднината на нашата држава.
Да не се дозволи штрајкот да влијае на прекин на образовниот процес или на продолжување на учебната година.
Како што истакна Тасевска, прекинот на наставата ќе го наруши наставниот процес, ќе доведе до работни саботи или пролонгирање на учебната година и покус летен распуст затоа што програмата на часови мора да биде остварена.
Исто така, тоа негативно ќе се одрази и на уписите, на полагањето државна матура, но и на полагањето стручен испит за речиси петстотини наставници.
Тоа е на штета на воспитно-образовниот процес, на штета на учениците, на матурантите.
Затоа и УНИЦЕФ предупреди дека децата не може да си дозволат дополнителен прекин во наставата, изјави Тасевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

