Македонија
Тасевски на регионална конференција на Интерпол – во фокусот безбедноста во Европа
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, ја предводи делегацијата од Министерството за внатрешни работи на 49. европска регионална конференција на Интерпол, која од 17 до 19 мај се одржува во Лион, Франција.
На првиот ден од конференцијата, која ја отвори претседателот на Интерпол, Ахмед Насер ал-Раиси, а делегациите од педесетина држави ги поздрави и генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, се дискутира за безбедноста во Европа, соработката меѓу земјите во европскиот регион, а акцент се стави на глобалните и регионалните трендови во безбедносните закани, зајакнување на одговорот за финансиски криминал и корупција, борбата со шверцот со фармацевтски производи и, секако, предизвиците поврзани со ситуацијата во Украина.
Во текот на конференцијата земјите учеснички особено внимание ќе обрнат на Стратегијата за европскиот регион 2022-2025 и пристапот за нејзина имплементација откако ќе се осврнат на евалуацијата на акцискиот план за изминатата 2021 година.
Новата четиригодишна стратегија ги опфаќа сите Интерпол-региони и се очекува да ги даде насоките за мандатот и визијата на Интерпол до 2025 година, заедно со целите што се во план да се реализираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

