Македонија
(Видео) Таткото на Боки 13: Пресудата е одмаздничка
„Тоа што си го смислиле, тоа го образложуваат“. Ова е ставот на Миле Јовановски, кој е осуден на условна казна во „Меѓународен сојуз“, а татко на Бојан Јовановски-Боки 13. Тој посочи дека пресудата е одмаздничка, пред сè затоа што неговиот син презентирал инкриминирачки пораки со Русковска и други функционери. Според Миле Јовановски, цела Влада и Заев знаеле за сè, а се кријат.
„Дефинитивно денеска умре правдата во Македонија, дефинитивно умрено е Обвинителството на госпоѓица Русковска, судството на господин Џолев и неговите јастреби. Денеска одмазднички пресуди, одмаздничко е сè, без никакви докази. Тие си ги местат како ним им одговара. Како му одговара на Обвинителството, така се суди овде. Нека не чекаат правда Македонците, Албанците и сите други кои живеат во Македонија, правдата е умрена“, рече Миле Јовановски.
Тој додаде: „Вакви казни може само во Македонија, во Занзибар ги нема ниту може вака да се суди“.
Четири казни за физички и една за правно лице изрече судијката Софче Гаврилова-Ефремова заедно со судечкиот совет во случајот „Меѓународен сојуз“. На претседателот на невладината организација Бојан Јовановски-Боки 13 му изрече девет години, заменик-претседателката Јасна Мандиќ доби четири години, таткото на Боки 13, Миле Јовановски доби условна казна, експратеничката Фросина Ременски е ослободена од обвинение. На асистентката на Боки 13 – Кристина Блажевска ѝ е изречена казна од една година. „Меѓународен сојуз“ треба да плати еден милион денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Временска најава: Од попладне дожд, грмежи и северен ветер
Под влијание на влажна воздушна маса денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 15л/м2) и ќе има услови за појава на ретки грмежи, информира УХМР.
Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер (над 60км/ч.), а дневната температура утре ќе опадне за неколку степени.
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Во Скопје, кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во текот на ноќта и утре ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
Утре без вода делови од Центар
Дел од корисниците на општина Центар утре ќе останат без вода.
„Поради промена на шибер во шахта на ул.Тасино Чешмиче бб (Градинка Кочо Рацин), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Тасино Чешмиче од 09:00 часот до завршување (општина Центар) и поради уличен дефект ф 200 мм на Бул.Партизански Одреди спроти Соборен Храм (Паркинг ЈАТ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул.Максим Горки до Бул.Партизански Одреди и дел од Бул.Партизански Одреди од 09:00 часот до завршување“, соопшти Центарот за управување со кризи.
Македонија
Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка
Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, поднесе оставка поради лошите резултати на локалните избори. Според него, оставка треба да поднесат и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, како и целото раководство на партијата.
„Изборите завршија, време е да се понесе одговорност. Иако се вложив целосно, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка како претседател на општинската организација како чин на објективна и морална одговорност за лошите резултати. Верувам дека е исправно оставка да поднесат и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, како и целото раководство на СДСМ, не само заради лошите резултати туку и заради начинот на дејствување во изминатиот период“, вели Ацевски.
Тој додава дека СДСМ е преголема идеја за да остане непрепознатлива.
„СДСМ мора да биде силна опозиција и силен коректор на оваа лоша власт. И покрај оставката останувам член на СДСМ за подобро Ѓорче, подобро Скопје и подобра Македонија“, рече Ацевски.

