Македонија
Тема на шефовите на дипломатии на ЕУ во Хелсинки ќе биде Западен Балкан
На неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ денеска и утре во Хелсинки ќе разговараат за повеќе прашања, како на пример хибридните закани, за Блискиот Исток, Иран, но и за регионалната соработка на Западен Балкан. На состанокот учествува и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров.
Шефовите на дипломатиите на ЕУ и нејзините партнери од Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора) утре ќе ја разгледуваат ситуацијата во регионот која е комплицирана, посебно поради таксите што Косово ги воведе на производите од Србија и БиХ, како и неформирањето Влада во БиХ десет месеци по изборите.
Собирот на шефовите на дипломатиите на ЕУ почнува денеска со ручек заедно со министрите за одбрана на Унијата, а главна тема ќе бидат хибридните закани – јакнење на отпорноста и подигнување на свеста за хибридните закани. Потоа министрите за надворешни работи подетално ќе ја разгледаат ситуацијата на Блискиот Исток и нуклеарниот договор со Иран.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини би можела вечерва или утре да „ја искористи можноста“ да ги стави на дневен ред „најрелевантните прашања“ во овој момент, како што е ситуацијата во Хонгконг или пожарите во Амазонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

