Македонија
„Тендерски мрежи“ ќе биде најголмиот корупциски скандал во историјата, имаме над 50 случаи за корупција на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ
„СДСМ денес продолжува со серијалот скандали „Тендерски мрежи“. Ќе се презентираат нови докази за фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои испумпуваат пари од институциите, но и од проекти фиансирани од унгарскиот кредит“, велат од СДСМ
„Вчера откривме шема во која на компанија гонета за местење тендери се доделени 50 тендери до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, денес продолжуваме со објавување на вистината за нови злоупотреби.
За четири години колку што се на власт ВМРО-ДПМНЕ во мнозинството општини, извршиле огромни кражби на парите на граѓаните преку матни тендерски постапки.
Десетици фирми кои се вртат и се блиски до ВМРО-ДПМНЕ вртат милиони евра кои потоа завршуваат во џебовите на партиските функционери“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Од партијата најавија дека во 12:00 часот во седиштето на СДСМ ќе биде објавен нов скандал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

