Македонија
Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос
Јавниот автобуски превоз во Тетово е привремено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето без придонеси на вработените и поради тоа што фирмата работи нерегистрирана.
Градските власти информираа дека јавниот превоз ќе продолжи со работа по скенирањето на состојбите создадени од претходните раководни структури.
„Се известуваат граѓаните и пошироката јавност дека поради хаосот, работење без да им се платат придонесите на вработените и поради тоа што фирмата работи нерегистрирана, а вработените, наместо во ЈП ‘Тетово транспорт’, се наведени како вработени во Општината, како и поради многубројни неправилности, привремено ќе биде во прекин јавниот превоз. Ова одлука доаѓа за да не се оштети уште повеќе џебот на граѓанинот со неконтролираните трошоци во ова претпријатие“, се вели во соопштението од Општината.
Јавниот градски автобуски превоз во Тетово почна да се одвива во август годинава во време на претходната градоначалничка Теута Арифи. Набавени беа пет автобуси во вредност од 720 илјади евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

