Македонија
Тимоние до Заев: Македонија е на добар пат за остварување на членството во НАТО и ЕУ
Насочени сме да го искористиме историскиот момент и имаме највисока мотивација по добиената покана за почеток на пристапните преговори со НАТО и најавениот датум за почеток на преговорите со ЕУ, да ја внесеме Македонија во евро-атлантското семејство, каде што македонските граѓани ја гледаат својата иднина“, истакна премиерот Заев на средбата со францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, со кого разговараше за прашања поврзани со актуелната политичка ситуација во земјата вклучувајќи го и усвојувањето на уставните измени во парламентот во согласност со преспанскиот договор и продолжувањето на реформите со цел интегрирање на земјата во евро-атлантските структури.
Тимоние оцени дека Македонија е на добар пат за остварување на своите стратешки цели, членството во Европската Унија и НАТО.
Заев повтори дека Македонија ќе продолжи со политиката на градење на пријателство со сите соседи како единствен услов за стабилност и европска интеграција на целиот регион.
На средбата двајцата соговорници се согласија дека за граѓаните е многу важна посветеноста на Владата за продолжување на спроведувањето на реформите во правосудниот систем, јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата, со што се отвораат и перспективите за активен економски развој.
Премиерот Заев и амбасадорот Тимоние разговараа и за конкретната француска поддршка, која се остварува во насока на соработка со француски експерти во областа на подготовките на македонската администрација за преговорите со ЕУ, со цел што побргу да почнат преговорите на Македонија со Унијата.
На состанокот се разговараше и за искористување на можноста за поголема динамика на економската соработка помеѓу Македонија и Франција.
Во знак на почит за неговите залагања и во чест на одбележувањето 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Франција, амбасадорот Тимоние на премиерот Заев му врачи сребрена монета со ликот на Жан Моне, еден од татковците на Европа, симболично посакувајќи му среќа во напорите за заокружување на процесот на европска интеграција на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

