Македонија
„Титаник”: Илија Димовски бара увид во доказите и во писмото на Катица Јанева
Илија Димовски, обвинетиот пратеник во предметот „Титаник” на СЈО, рече дека сите обвинети во предметот мора да имаат увид не само во доказите туку и во списите на предметот, алудирајќи на увид во писмото на Катица Јанева. Тој побара одговор за правната основа за застапување на предметот од Обвинителството.
Димовски праша и каде е заснован работниот однос на обвинителката Лиле Стефанова и дека според нивните информации таа сè уште е обвинител од СЈО, а разрешената јавна обвинителка Катица Јанева е осомничена во истрагата „Рекет”.
Во однос на овластувањата од Љубомир Јовески, Димовски ја претпостави следната ситуација: ,,Тоа значи дека може Џафери без предлог од премиерот и гласање од пратениците да достави јавно овластување за министер за внатрешни работи за лице за кое тој мисли дека треба да му го додели”, рече Димовски.
„Судот треба да запре со оваа постапка до давање одговор на овие прашања, во врска со минимим две начела: економичност на постапката и заштита на правата на обвинетите”, дополни Димовски.
Покрај Никола Груевски во предметот ,,Титаник”, во предметот обвинети се и Билјана Бришковска-Бошковски, Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Едмонд Темелко, Кирил Божиновски, двајца од Агенцијата за разузнавање: Киро Тодоровски и Мунир Пепиќ, како и уште 11 други лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

