Македонија
За „Титаник“, СЈО презентира повеќе од 2.000 лажни лични карти изработени за изборите во 2013
Судењето за предметот „Титаник“ за изборни нерегуларности денеска продолжи во доказна постапка со изведување доказен материјал од страна на специјалното јавно обвинителство. Обвинителката Лиле Стефанова пред судот ги презентира лажните лични карти, кои, според обвинението, биле изработувани за потребите на тогашната партија на власт, ВМРО-ДПМНЕ, за изборните процеси.
Станува збор за повеќе од 2.000 лични карти со лажни имиња и со фотографии од претежно постари лица.
Обвинителството изработката на лажните лични карти го поврзува со разузнавачот Мунир Пепиќ, во чиј дом во Батинци при извршен претрес во истражната постапка беа пронајдени голем број материјали кои сега се користат во судската постапка како докази.
Ексминистерот Миле Јанакиески, исто така обвинет во случајот „Титаник“, во еден разговор од бомбите, презентирани од СДСМ, го споменува Пепиќ како „оној Пепиќ што ни ги прави личните карти“.
Според обвинението, личните карти во најголем дел биле наменети за гласачи од Пустец, кои организирано биле носени да гласаат во општина Центар.
Обвинетиот Мунир Пепиќ се споменува во периодот на локалните избори во 2013 и парламентарните во 2014 година кога, наводно, бил дел од групата што одела во Пустец да ја одработи операцијата за гласање на овие жители во Македонија преку издавање лични карти на фиктивни адреси на живеење.
Во предметот „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Обвинетите се товарат за делата злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Воздухот што го дишеме е секој ден се поопасен за животот“: „Стоп за Усје“ повторно излегува на улица
Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, со најава дека во среда на 21.01.2026 во 18 часот, повторно излегуваат на улица затоа што, како што велат, воздухот што го дишеме е секој ден се поопасен за животот.
Според најавата датумот на протестот е во
„Листата на барања кои ги прочитавме на првата граѓанска блокада на 26.12.2025, ги доставивме до сите надлежни институции. Но, бидејќи Никој од нив не одговори Ништо, ниту пак не повикаа на разговор, повторно излегуваме на блокада, за да им покажеме дека ќе бидеме упорни се додека не ги исполнат нашите барања!
Или ќе излеземе сите – или ќе не снема еден по еден ! Излези, затоа што Воздухот нема да се исчисти сам!“
Со оваа порака, велат дека упатуваат јавен повик за мирна граѓанска блокада против загадувањето од индустрискиот капацитет Усје, како израз на револт и долгогодишна загриженост за здравјето на сите жители, а особено на децата.
„Усје сè уште одбива да се постават мерни станици кои ние граѓаните ќе ги следиме нон-стоп 24/7. Сè дотогаш нема да им веруваме на сите што тврдат дека Усје не загадува.
Оваа блокада произлегува од итното барање на граѓаните- Здравјето пред профитот!.
Бидејќи институциите не реагираат – ние граѓаните ќе мора повторно да го кренеме својот глас на блокадата.“
Локацијата на протестот, според најавеното ќе биде на раскрсницата на булеварот „Борис Трајковски“ и булеварот „Србија“ (правец кон Усје)
Македонија
Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство
На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје.
Тој доби поддршка од седум членови на Советот, додека досегашниот раководител Гаврил Бубевски, кој конкурираше за нов мандат, освои пет гласа.
За функцијата беа пријавени пет кандидати. Освен Фидоски и Бубевски, кандидати беа и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.
Македонија
Герасимовски: Светиот крст донесе благослов и желби за благосостојба на сите граѓани во Општина Центар
Денеска во просториите на Општина Центар се одржа срдечна средба со нашиот сограѓанин Дарко Митровиќ, кој вчера, на големиот христијански празник Богојавление – Водици, имаше чест и среќа да го извади светиот крст од водите на реката Вардар, информира градоначалникот на општината Горан Герасимовски.
„Дарко дојде во посета на општината носејќи го со себе светиот крст, со што симболично го пренесе благословот до сите служби и граѓани. Оваа посета беше посветена на заедничките желби за здравје, среќа и општа благосостојба на сите кои живеат и работат во Центар.
Ми претставуваше искрено задоволство што лично му честитав на Дарко за неговиот подвиг. Тој денеска дојде со светиот крст како симбол на надеж и духовен мир, со искрена желба за среќа и просперитет на сите негови сограѓани. Општина Центар секогаш ќе ги негува традициите што нè обединуваат и носат позитивна енергија во нашето секојдневие“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Дарко беше најсреќниот меѓу 160-те учесници на централната манифестација кај мостот „Слобода“.

