Македонија
Топалов: Бугарите се обединети за македонската кауза, не може лесно да се откажат од неа
Над 86 % од Бугарите се обединети за идејата дека не може да се откажат од историските корени и историскиот идентитет. Оваа идеја ја обединува речиси целата бугарска нација веќе 80 години, вели во интервју за бугарската БНТ, Кирил Топалов, член на Меѓусекторската комисија помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија.
Тој истакнува дека во однос на надворешната политика Бугарите се ориентирани во две насоки – едната претпочита европска ориентација на Бугарија, другата ја претпочита руската ориентација, а како што објаснува, единственото нешто што ги обединува е македонската кауза.
Според него, залудни се надежите на политичарите во Република Северна Македонија македонската кауза да биде предадена поради актуелната политичка состојба во Бугарија.
„Никој не може да ја принуди Бугарија да ѝ попушти на земја што не се распадна со тоталитарно-комунистичка државотворна енергија и форма на управување, која се мачи и самата да изработи правила за да биде членка во ЕУ“, додаде Топалов.
Според него, Република Северна Македонија не ги исполнува своите обврски од договорот со соседната земја членка.
„Треба да заборавиме дека сме браќа, братучеди и слично, на нив треба да гледаме како на соседна земја кон која се однесуваме со симпатии, со доверба, но исто така и тие мора да ни возвратат на ист начин“, вели Топалов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

