Македонија
Тошковски: Да се размислува за повторно воведување на средно полициско образование
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Центарот за обука на министерството за внатрешни работи каде оствари работни средби со раководството на Центарот и раководството на Факултетот за безбедност.
На средбата со раководствата се разговараше за тековните активности поврзани со реконструкција на дел од објектите од Центарот кои се во сопственост на МВР, а во кои претстојуваат и следат настава кандидатите за полициски службеници.
„Со раководството на Факултетот за безбедност се разговараше и за дел од објектите кои се користат од двете институции и можноста за заедничка соработка во делот на реконструкција на истите. Исто така, поразговаравме и за целокупниот систем на полициско образование во нашата држава, какви се компаративните искуства во овој дел и потребата од повторно воведување на средно полициско образование.“, рече министерот Тошковски.
По состанокот делегацијата направи обиколка на целиот Центар, изврши увид во тековните градежни активности и разгледа неколку објекти кои претставуваат сериозен капацитет кој не е искористен а е оставен на забот на времето, при што министерот даде насоки на службите веднаш да ги преземат сите административни работи кои ги дозволува законот во овој период со цел овие капацитети што поскоро да влезат во процедура за реконструкција и нивно ставање во функција.
„На крај, заеднички констатиравме дека Центарот за обука има сериозен потенцијал да прерасне во современ и европски едукативен центар кој ќе продуцира и обучува квалитетни кадри од областа на безбедноста и во кој треба и понатаму да се инвестира, како од кадровски така и од материјално-технички аспект.“, потенцираше министерот Тошковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

