Контакт

Македонија

Тошковски: Одделот за внатрешна контрола не утврди вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информираше дека била отворена истрага за полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме од јарбол на улица на Денот на албанското знаме. Одделот за внатрешна контрола при МВР во рамките на утврдени дејствија кои што се сторени, не утврдил дека предметното лице прекршило било каква стандардна-оперативна процедура во рамките на полицијата.

dobivaj vesti na viber

„Во рамки на утврдените дејствија коишто се сторени од страна на предметнотно лице, не е утврдено дека истиот прекршил било каква стандардна оперативна процедура во рамки на Министерството за внатрешни работи колку што сум информиран. Подетално можеме да видиме што е, како е, понатаму“, вели Панче Тошковски.

Поради сквернавење на македонското и на албанското знаме, беа уапсени вкупно 17 лица, голем дел од нив малолетници.

Македонија

Судот се брани: Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки вината е на судството

Објавено пред

Кривичниот суд излезе во јавноста со соопштение во врска со претходните судски постапки што биле водени против 20-годишниот Васил Јованов, кој ја усмрти младата Фросина Кулакова на улицата „Партизански одреди“.

dobivaj vesti na viber

Од судот за затекнувањето со дрога лани велат дека Јованов бил првостепено осуден со пресуда по која постапувала судијата Даниела Алексовска-Стојановска.

„Поради неговата возраст, со неполни 20 години, а во согласност со одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка: заводска мерка – упатување во воспитно-поправен дом, каде штпо во согласност со чл. 48 ст. 3 и ст. 4 обвинетиот во домот останува најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години, односно до наполнети 23 години, во која пресуда му се пресметува и времето поминато во притвор, по истиот предмет од 2.4.2024 година до 12.8.2027 година“, објаснуваат од Кривичен.

Од тука велат дека во согласност со одредбите во законот мерката притвор не може да опстојува поради што јавниот обвинител вложил жалба во однос само на кривичната санкција.

„Предметот на 7 ноември минатата година е доставен на надлежно постапување на Апелациониот суд Скопје, од каде што сѐ уште не е вратен на евентуално извршување“, велат од Кривичен.

Понатаму, како што се додава, во согласност со евиденцијата на судот Јованов не бил осудуван за друго кривично дело и не се водела друга постапка за други кривични дела. Исто така, до овој момент до судот не е процесирана друга кривична пријава ниту, пак, прекршочна пријава од областа на сообраќајот, а лицето е евидентирано, единствено како малолетник во 2021 година кога му е изречена судска опомена поради нарушување јавен ред и мир.

„Како суд изразуваме жалење за загубата на млад човечки живот. Но, имајќи го предвид сето погоре наведено, нејасна е конекцијата што се создава во јавноста за кривичен предмет кој во прв степен е завршен со заводска мерка на одредено лице за едно кривично дело со друго кривично дело сторено 7 месеци потоа. Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот по 7 месеци од донесената пресуда, со која тој треба да се институцијализира, може да стори друго кривично дело, па поради тоа требало да биде задржан во притвор. Законите во нашата земја, како и меѓународните конвенции за човекови права, тоа не го дозволуваат. Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки, каде што често се случуваат сообраќајни несреќи, вината е на судството, ако се има предвид кој било граѓанин што претходно не бил во судир со законите, може да предизвика сообраќајна несреќа со жртва поради недозволена брзина, управување под дејство на алкохол и непоседување возачка дозвола. Станува збор за општествен проблем“, се вели во соопштението на судот.

Во врска со смртта на Кулакова, возачот Јованов е во притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание врз сведоците и опасност да го повтори делото.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски со поддршка за протестот: Moраме да преземеме казнена политика, која ќе биде ригорозна

Објавено пред

Апсолутен и оправдан е револтот на граѓаните и тука нема никаква дилема и еден од начините да се надмине сето ова е токму оној систем што треба да детектира ваков тип дивеење на булеварите и улиците, и тоа не само во главниот град туку и насекаде во државата.

dobivaj vesti na viber

И мислам дека, не мислам – туку знам, Министерството за внатрешни работи тоа како постапка го спроведува и набргу од денеска ќе имаме еден таков систем кој ваков тип на дивеење ќе санкционира и тоа мора да се случи колку и да треба политички куршуми да добиеме ние, тоа мораме да го инсталираме, имплементираме и да преземеме казнена политика, која ќе биде ригорозна. Затоа што и еден живот да спасиме, сме ја постигнале целата, вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

„За жал прерано згасна еден млад живот поради еден ваков дивјак, кој се однесувал дивјачки на улиците во главниот град. Но, за мене, понеодговорно е однесувањето на одредени политичари со некрофилска политика, кои се обидуваат на ваков начин, преку пораки што згрозуваат, да привлечат политичко внимание и да добијат политички поен“, посочи премиерот Мицкоски.

„Ова е граѓански и оправдан протест и го поддржувам и во таа насока размислувам како премиер и како претседател на Владата. Но, што побргу системот ‘Безбеден град’ треба да биде инсталиран, да функционира и сите законски измени што се неопходни да бидат донесени. Јас мислам оваа година сето тоа ќе биде ставено во функција. Жалам што во годините претходно сето ова не било направено.

Во овој буџет, тука е и министерката, веќе се обезбедени средства, не само во градовите туку и на клучните артерии, автопатски и експресни патишта, кои ја поврзуваат државата со соседните држави, така што како Влада можеме тоа и да го направиме.

Она за што сум информиран е дека лицето што го сторило инцидентот е приведено, одредена му е мерка од 30-дневен притвор. И се надевам дека овој, како што вие го квалификувавте, судско обвинителски систем, со доверба помала од 2 процента кај граѓаните, конечно ќе се ослободи од партиските и други влијанија и ќе суди и обвинува според законот и навистина нема да прави и нема да толерира ваков тип на личности, кои, ако навреме не ги санкционирате, гледате што сѐ може да направат“, рече премиерот Мицкоски.

„Згрозен сум од политичарите некрофили, кои на ваков начин сакаат да добијат политички поен, апсолутно револтот на граѓаните го поддржувам и жалам како прв човек на Владата што прерано згасна еден ваков млад човечки живот.

И се надевам дека многу бргу од денеска сето ова за што зборував ќе биде инсталирано, имплементирано и ќе спасуваме човечки животи, да не згаснуваат прерано како што згасна овој“, коментира претседателот на Владата, Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Врските не враќаат човечки животи“ – протест на „Партизанска“ по смртта на Фросина Кулакова

Објавено пред

Граѓаните излегоа на протест на улицата Партизански одреди, каде што 20-годишниот Васил Јованов завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова.

dobivaj vesti na viber

Се оставаат цвеќиња и се палат свеќи крај фотографијата на Фросина, а демонстрантите носат транспаренти, на кои пишува: „Врските не враќаат човечки животи“, „Сите одиме кај ист судија, а таму има само една правда“, „Уште колку?“, „Не е несреќа, туку убиство“.

Граѓаните бараат построги казни и промени.

Според информациите од Обвинителството, Јованов возилото го управувал пијан, без возачка дозвола и поминал на црвено светло.

Граѓаните дополнително се возмемирени и револтирани по информацијата дека возачот им бил познат на органите бидејќи лани бил фатен со дрога и завршил во притвор, а потоа со одлука на судот во попрвен дом. Тој предизвикал уште една сообраќајка без возачка на 4 ноември 2022 година, во која едно лице добило полесни повреди. Со изјавена согласност на оштетената јавен обвинител донел решение со кое не се презема кривично гонење, а тој платил глоба од 18.000 денари.

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави построги контроли и казни, но, вели, најважно е правосудните органи соодветно да ги санкционират виновниците. Министерот за правда, Филков, пак, претходно рече дека потребна е промена на целиот систем.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Судот се брани: Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки вината е на судството

Кривичниот суд излезе во јавноста со соопштение во врска со претходните судски постапки што биле водени против 20-годишниот Васил Јованов,...

Македонија2 часа

„Врските не враќаат човечки животи“ – протест на „Партизанска“ по смртта на Фросина Кулакова

Граѓаните излегоа на протест на улицата Партизански одреди, каде што 20-годишниот Васил Јованов завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова. Се оставаат...

Македонија2 часа

И по 12 месеци да се направи контрола, ќе следуваат драконски казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска апелира не само маркетите туку сите компании да го почитуваат Законот за нефер трговски практики...

Економија3 часа

Поскапува цената на парното

Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Според него,...

Топ5 часа

Со задушување ја убил својата партнерка: уапсен 42-годишник од Кавадарци

Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека...

Македонија5 часа

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Денеска, по кратко боледување во Скопје, во 42. година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ со години беше дел...

Регион6 часа

Регионот денеска ги бојкотира продавниците: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ против големите супермаркети поради енормно високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните во државата да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените...

Македонија6 часа

Обвинителството со детали за возачот што ја усмрти Фросина: бил гонет и за други кривични дела, судот го упатил во поправен дом

Обвинителството соопшти детали за возачот од Скопје што ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизански одреди“. „МВР против лицето поднело...

Македонија7 часа

Протест на „Партизанска“ поради трагичната смрт на Фросина

Голем број граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир на местото на кое смртно...

Регион8 часа

Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

Студентот на Правниот факултет во Нови Сад, Михаило Младеновиќ, одбил помилување од претседателот на Србија. Тој рече дека ниту еден...

Европа8 часа

(Фото) 418 лица уапсени за фалсификувани лекови во голема операција на Европол во Европа

Операцијата на Европол од април до ноември минатата година резултираше со повеќе од 400 апсења за трговија со фалсификувани лекови,...

Свет9 часа

Трамп: Кина мора да престане да испраќа фентанил во нашата земја и да го убива нашиот народ

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по американско време најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе го исклучи увозот на нафта...

Свет9 часа

Објавени фотографии од екипата на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион...

Свет9 часа

(Видео) Интересот на Трамп за Гренланд не е шега, тврди шефот за надворешна политика на САД

Интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд „не е шега“, изјави државниот секретар Марко Рубио во вчерашното...

Македонија19 часа

Возачот кој ја усмрти Фросина бил гонет за дрога, а судот го пратил во поправен дом третирајќи го како помлад полнолетник

Обвинителството го потврди минатото со дрога на младиот возач од Скопје (В.Ј.) кој синоќа ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на...

Топ21 час

Возачот кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“ возел под дејство на алкохол, без возачка и поминал на црвено светло

Дваесетгодишникот кој синоќа усмрти 22-годишна девојка на Партизанска, управувал возило на неговиот татко, без возачка дозвола, а бил и под...

Економија22 часа

Мицкоски: Го разбирам бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како функционери на СДСМ манипулирале со пресметките

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека легитимно право е на граѓаните да изразат револт...

Свет1 ден

(Видео) „Во оваа несреќа нема преживеани“: полека исчезнува надежта за семејствата по судирот на патничкиот авион и американскиот воен хеликоптер

Се стравува дека голем број луѓе загинале кога патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ се судрил со хеликоптерот на американската армија...

Македонија1 ден

Гаши за смената во Судскиот совет: Досега неколкупати сме избрзале, сега сакаме да дојдеме до издржливо решение

Собранискиот спикер Африм Гаши оценува дека во правосудството се потребни подлабоки реформи, но дека треба да се внимава. „На сите...

Македонија1 ден

Пријавете мито во полиција, во Здравство или на клиниките, повика Таравари откога хирург беше фатен со бележани 150 евра

Министерот за здравство Арбен Таравари ги повика граѓаните да привајат доколку од нив се бара мито за вршење услуги во...