Македонија
Тошковски: 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив сме посилни и како држава и како општество
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Музејот на македонската борба за самостојност присуствуваше и се обрати на јубилејот 80 години од формирањето на Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на Бирото за јавна беабедност при МВР.
Тошковски потенцираше дека одделот ги влече своите корени од АСНОМ-ска Македонија кога со повелба е конституиран во 1945 година а припадниците на одделот ги преку својата професионалност, будност, сила и неуморност секојдневно се грижат за безбедноста на определени личности, објекти како и заштита на критичната инфраструктура неопходна за функционирање на општеството.
„Припадниците на Одделот, од самото свое основање, до денес, биле и ќе бидат на првата линија на одбраната против сите форми на закани, следејќи ги сите европски и светски стандарди и можам да кажам дека имам само гордост за нивото на професионалност, одговорност, посветеност и интегритет кои постојано ги покажуваат во службата кон министерството и државата.“, истакна министерот Тошковски.
Тошковски споменувајќи ги резултатите на работата на Одделот за заштита на определени личнисти и објекти нагласи дека само оваа година одделот има извршено обезбедување на 108 делегации и 47 меѓународни и домашни манифестации за чија беспрекорна организација МВР добива честитки од меѓународните партнери и пријатели.
„Заради вас и ние сме посилни, и како држава и како општество. Преку врвната обука, прифатените високи стандарди на работа, постојаниот фокус и на најситните детали, вие сте нашиот тивок, невидлив, а непробоен штит и заштитник на македонското општество. Вие сте хероите кои работат од сенка, и како што вели и вашето мото СЕКОГАШ БУДНИ, го чувате дел од мирот и безбедноста на сите нас.“, потенцираше министерот Тошковски.
На манифестацијата беше презентирано новото лого на одделот со лав во средишниот дел кој традиционално е симбол на заштита и моќ со храброст, сила и одлучност и беа доделени плакети на пријателите и соработниците на одделот.
На крајот на манифестацијата беше изведена показна вежба од страна на припадниците на Одделот за заштита на определени личности и објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривична пријава за директор на студентски дом поради несовесно работење
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Ј. (57) од селото Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според пријавата, на 29 и 31 мај 2024 година, Н.Ј., во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки.
Тој извршил плаќање на фактури во вкупен износ од 84.320 денари за сместување, односно ноќевање за себе и за ученици од студентскиот дом во два хотели во Охрид, без да спроведе соодветна постапка за јавна набавка, соопшти полицијата.
Македонија
Кривична за поранешен градоначалник на Чашка поради сомнеж за злоупотреба
Полицијата поднесе кривична пријава против Г.С. (47) од Велес, поранешен градоначалник на Општина Чашка, и против М.А., раководител на финансиското одделение во истата општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пријавата, Г.С. во текот на 2021 и 2022 година, во повеќе наврати, свесно и со умисла ја ангажирал второпријавената да извршува работни задачи подолго од нејзиното работно време, иако таа била вработена со скратено работно време, што е спротивно на Законот за работни односи, кој забранува прекувремена работа за лица со скратено работно време.
Од СВР Велес информираат дека М.А., и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и донесеното решение за четиричасовно работно време поради здравствени причини, прифатила да биде дополнително ангажирана.
За извршените активности ѝ биле исплатени 50.109 денари, со што, според пријавата, е нанесена штета на буџетот на Општина Чашка.
Македонија
„Нокаут“ ќе ги забавува битолчани за Нова Година
Општина Битола одлучи да нема огномет на прославата на дочекот на Новата година.
Со ова, општината се приклучува кон другите општини кои, исто така, одлучија на прославите за дочекот на новата година да нема огномети и заради барањата на поедини здруженија на граѓани.
Организираниот дочек како и изминатите години ќе биде на платото на Офицерскиот дом, каде ќе има музичка програма која е дел од „Зимската приказна“.
На последниот ден од годината дневната програма ќе започне во 11:00 часот на платото на Офицерскиот дом, а од 12:00 часот во Старата чаршија.
Вечерната програма пред Офицерскиот дом ќе биде од 20:30. На почеток забава со Борче Наумовски, потоа „Кабаре за раѓањето и вечноста“, „Баркод бенд“ и од 23:00 до 1:00 часот по полноќ со групата „Нокаут“.

