Македонија
„Тојота“ удри во полициско возило во Аеродром: Брза помош на терен, распрскано стакло на булеварот
Автомобил „Тојота“ со гостиварски таблици се судри со полициско возило на булеварот „Втора македонска бригада“. На местото имаше и Брза помош, откако неофицијално, еден од учесниците во несреќата се пожалил на повреди.

Сообраќајката предизвика гужва на булеварот во попладневните часови. Автомобилот „тојота“ има материјална штета, а парчиња стакло се распрскани по булеварот.

Повеќе детали се очекуваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Александар Јовановски прогласи победа во Кичево
Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, прогласи победа.
Противкандидат му беше досегашниот градоначалник Фатмир Дехари, кандидат на Националната алијанса за интеграција, НАИ.
По видеото објавено на „Фејсбук“ во Кичево се собрани голем број поддржувачи на Јовановски кои ја слават неговата победа по улиците.
Македонија
Тошковски ги оцени изборите како најмирни по последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени
Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Изборниот процес кажа дека минал без сериозни инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир и без настани кои би го довеле во прашање интегритетот на изборите.
„Граѓаните, институциите, и МВР покажаа зрелост и одговорност што придонесе Македонија да има едни од најмирните избори во последните години. Во текот на денот низ целата држава беа пријавени вкупно 30 настани од кои најмногу пријави беа евидентирани во Скопје. Најчестите пријави се однесуваа на агитирање во близина на гласачки места, вкупно седум случаи, можен поткуп при избори или гласање пет настани, неовластено присуство на гласачко место- четири пријави. Забележани се и изолирани случаи на попречување на гласање, фотографирање на гласачко ливче, неовластено фотографирање на граѓани, како и поединечни настани поврзани со упатени закани. По преземените проверки во 19 од 26 обработени случаи наводите не се потврдени. За дел од нив се утврди дека нема основ за понатамошно постапување, а во други случаи беа изготвени записници и преземени се соодветни мерки. Во моментот за четири настани продолжуваат полициските активности кои се однесуваат на можен поткуп, неовластено фотографирање, агитирање и недолично однесување на членови на избирачки одбор“, извести министерот Тошковски.
Секторот за компјутерски криминал денес регистрирал 18 објави на социјалните мрежи поврзани со изборниот процес. Министерот Тошковски вели дека тие се анализираат и се постапува согласно законските процедури.
Кратко задоцнување на почетокот на гласањето Тошковски рече дека имало на девет избирачки места, а регистрирани се и осум делумно прекини во гласањето поради технички проблеми со апаратите за идентификација кои биле навремено решени и не влијаеле врз текот и законитоста на изборниот процес.
Македонија
Сотир Лукровски прогласи победа во Карпош
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, прогласи победа на изборите.
„Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за функција, се борев за доверба. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат. Денес не победувам јас, победува Карпош. Победуваат сите оние што не се откажаа од својот град. Оние што секој ден ме запираа на улица и велеа: „Сотир, време е да се смени нешто!“ Гледавме како Карпош се бетонизира, како зеленилото исчезнува, како улиците стануваат депонии, а луѓето неми сведоци на неправда. Тоа беше реалноста. Но вечерва, таа реалност завршува. Вечерва започнуваме ново поглавје. Време на ред, визија и работа. Време кога општината ќе биде сервис за граѓаните, а не алатка за лични интереси. Време кога ќе се слуша секој глас, и ќе се гледа секое дело“, напиша Лукровски на Фејсбук.

