Македонија
Трајанов: Изборот на судии во Уставен суд е без критериуми
На прес-конференција во врска со изборот на судии во Уставниот суд, Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, нагласи оти партијата смета дека треба да се создадат услови за работа на Уставниот суд преку избор на судии, но тоа треба се одвива во транспарентна постапка и утврдени критериуми.
„Нема конкурс или барем јавна објава за избор на судии за да може заинтересираните да се пријават. Нема постапка кои кандидати и како ги утврдува и предлага Судскиот совет, Комисијата за избори и именување при парламентот и претседателот на Македонија. Досега повеќето од судиите се предлагаат од партиите, при што изборот првенствено зависи од партиите што го прават парламентарното мнозинство“, посочи Трајанов.
Според него, Уставниот суд во изминатите триесет години функционираа под притисок и диктат на партиите поради што се неопходни промени при изборот и тој да се одвива во транспарентна постапка и врз основа на цврсти и јасни критериуми.
„За поставеноста и работата на Уставниот суд, треба да се донесе закон, а не тој да работи врз основа на деловник“, нагласи претседателот на Демократскиот сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

