Македонија
Трајанов предлага формирање агенција против криминал

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, на денешната расправа за Националната стратегија за борба против корупцијата, предложи да се донесе закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со кој, како што рече, ќе се предвиди формирање агенција за борба против организираниот криминал, која ќе постапува по барањата на ДКСК, ќе ги координира активностите на седум институции задолжени за откривање и спречување на организиран криминал, оперативно ќе ги следи јавните набавки над 500.000 евра, ќе работи на детектирање на скриениот имот на носители на високи функции стекнат на криминален начин и сл.
„ Во Македонија високиот степен на криминализација и партизација ја ‘јаде’ државата, во услови кога не постои заокружен и ефикасен систем за борба против организираниот криминал“, изјави Трајанов.
Тој предложи и да нема застареност за кривични дела од тешките облици на криминал извршени од функционери, додека за иницијативата за донесување на закон за преиспитување на имотот, укажа истиот да не ја доживее судбината на таков закон донесен пред многу години, потсетувајќи на синтагмата „Ако имаш куќа, врати го станот”.
Трајанов ја поддржа Стратегијата за борба против курупцијата и работата на ДКСК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Почнувајќи од 3 септември, во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Денеска сончево со умерена облачност, следува период на претежно стабилно време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен северен ветер.
Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.