Македонија
(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии
Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да има една изборна единица наместо досегашните шест. Според Трајанов, овој модел на избори ќе донесе поголема контрола на Собранието врз извршната власт и ќе стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии.
„Сметаме дека е време да се стави крај на монополот на двете политички партии да избираме по пропорционален модел, при што во парламентот ќе има место и за малите партии. Според нашите анализи, од 100 до 150 илјади гласови се губат на помалите партии и ретко која од нив сама успева да влезе во парламентот. На овој начин ќе се внесе и систем на контрола, одговорност и поинаков начин на носење одлуки. Сега одлуките се носат во големите партии, а не во Собранието, како што е пракса во демократските развиени земји. Досега немало поведено одговорност за ниту еден премиер. Политиките се носат централизирано, без здрава дискусија и критика. Овој изборен модел ќе ја смени таа слика и ќе имаме политичка разноликост, а малите партии ќе бидат погласни во напорите да се донесат квалитетни закони во интерес на граѓаните“, рече Трајанов.
Тој додаде дека начелно поддршка очекува од СДСМ, кој, според него, треба да си стои на зборот затоа што оваа иницијатива е нивно изборно ветување.
„СДСМ пред изборите рече дека меѓу првите работи што ќе ги направи е измена на законот за една изборна единица. Дали сега ќе си стои на зборот и дали им одговара оваа идеја, ќе видиме. Иницијативата е поднесена, има анализа изготвена од нашиот тим зошто треба да биде прифатена и очекуваме дискусија“, рече тој.
Идеите за 3 изборни единици, од кои две ќе бидат македонски, една албанска, Трајанов, како што рече, за ДС, се неприфатливи затоа што тој модел ќе донесе федерализација на државата. Доколку помине иницијативата за која треба поддршка од 61 пратеник, Трајанов најави дека партијата има и предлози за поинакво финансирање на партиите и медиумска покриеност на изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

