Македонија
Трајковски во судот барал покана за ТНТ

Ексградоначалникот Тони Трајковски, кој е обвинет во случајот ТНТ, денеска, при редовното пријавување во судот побарал да му се достави покана за ново рочиште и таа не му била доставена од страна на судот, тврди неговиот адвокат Јовица Страшевски.
Потоа Трајковски испратил и писмено известување до судот, во кое се пожалил дека не е уредно поканет за утрешното рочиште.
„Со овој поднесок ве информирам дека на 14.1.2020 година при потпишување во евиденцијата во судот побарав од службите да ми достават покана за следно рочиште. Бидејќи не ми доставија покана, сакам да ве информирам дека уредно не сум поканет за следното судско рочиште“, се наведува во поднесокот на Трајковски до судот.
Неговиот адвокат Страшевски вели дека овој документ е доказ оти одбраната не прави опструкции во предметот ТНТ како што тоа го прикажуваат од Кривичниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.