Македонија
(Видео) Трајковски пак не дојде на судење, адвокатот го правдаше дека тешко зборува
По доцнење од половина час, почна судењето за предметот ТНТ. Адвокатот Јовица Страшевски, кој го застапува ексградоначалникот Тони Трајковски, со медицинска документација од вчера го оправдуваше денешното ново отсуство на обвинетиот.
„Не е комуникативен. Состојбата му е многу тешка. Тешко зборува“, го правдаше Страшевски отсуството на обвинетиот Трајковски.
Адвокатот рече дека очекува сопругата на Трајковски да му достави нова документација дека тој е навистина хоспитализиран.
„Тони Трајковски е повторно на Ургентниот центар, хоспитализиран е на Клиниката за неврохирургија“, се вели во поднесокот од адвокатот на Трајковски доставен на судот утринава.
Адвокатот Мерџан Даути побара одлагање на судењето поради возраста на поротничката Лилјана Ивановска-Кочовска, која треба да замине во пензија. Тој смета дека ќе има суштествена повреда во судењето доколку судењето продолжи.
„За престанок на мандатот на поротничката треба да имаме одлука на Судскиот совет. Со оглед дека претседателот на судот побарал да се продолжи мандатот, сметам дека теоретски постои можност да се продолжи мандатот“, рече застапникот на обвинението, обвинителот Бурим Рустеми.
Рустеми побара раздвојување на постапката за обвинетите Тони Трајковски, Марика Зафировска, Александра Аврамовска.
„Постапката се наоѓа во крајна фаза, по две години нејзино водење. Апсурдно би било да не се раздвои постапката и таа да почне од почеток кога имаме услови за продолжување на постапката со другите обвинети. Обвинетиот Јанакиевски веќе даде исказ. Со раздвојувањето судот ќе покаже дека може да дејствува ефикасно и економично, спремен да ја реализира правдата на време“, рече Рустеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

