Македонија
Тренчевска: Акција за нешто што ќе остане

По успешното спроведување на кампањата „Гласна и храбра“ во 2023 година со цел подигање на свеста за важноста од добросостојба на жените и нивно економско зајакнување од страна на Министерството за труд и социјална политика, предводена од министерката Јованка Тренчевска, оваа година се спроведува продолжението на кампањата – „Гласна и храбра 2“. Овој март кампањата е со фокус на жени со невообичаени професии и жени земјоделки.
Во рамките на активностите на кампањата беа спроведувани средби со жени и посети на нивните мали бизнис-иновации.
Со цел да продолжи одекот на кампањата, денес, во општина Валандово, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, со поддршка на градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, во паркот во село Удово беа посадени садници со зимзелени дрва.
На акцијата за пошумување беа присутни и заменик-претседателката на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска, министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукареска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бледи се обидите на Филипче да се искупи за предавството, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Добро е што Венко Филипче конечно ги согледа состојбите и дојде на позициите на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата ВМРО-ДПМНЕ по денешните изјави на Филипче од Берлин.
„Добро е што Филипче и СДС признаваат дека проблемот со Бугарија не е само внесувањето на Бугари во Устав, дека проблемот е подлабок и дека ги опфаќа и идентитетските национални обележја.
Исто така, добро е што СДС и Филипче прифаќаат дека засегнат е и македонскиот јазик, за кој постојано ја убедуваа македонската јавност дека го заштитиле согласно нивните предавнички договори кои ги прифатија и потпишаа.
Но има работи кои македонската јавност нема ниту да му заборави, ниту да му ги прости.
Откако СДС, на чело со менторот на Филипче, Зоран Заев во чијашто влада беше и самиот Венко, распродаде се што е национално македонско и Македонија ја продаваа како невеста која богато ќе ја омажат, доцна им е за каење и за ископување на гревовите.
Задоцнети и бледи се ваквите обиди на СДС и Венко Филипче за нивните предавства, народот ќе ги памети како најголемите предавници во историјата на државата и истите ќе завршат во темните историски страници.
Сега Македонија има Влада која ги брани националните интереси и нема ни милиметар да се помести од позициите за одбрана на идентитетот, историјата, културата, јазикот.
На чело на државата сега е Влада која ги брани, зацврстува и ги провира националните идентитетски обележја.
Влада која работи во интерес на државата и граѓаните, која со напорен труд ја развива во сите пори на општественото живеење и која работи на нејзина евроинтеграција на достоинствен начин со заштитени национални обележја“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.
Македонија
Филипче во Берлин му се заблагодари на Шолц за поддршката за македонскиот јазик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Берлин, во рамки на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), се сретна со поранешниот германски канцелар Олаф Шолц.
Партијата извести дека во името на СДСМ и на сите граѓани, Филипче изразил искрена благодарност за силната и принципиелна поддршка која Германија, под водство на Шолц, ѝ ја даваше на Македонија во процесот на европска интеграција, но и за континуираната поддршка од Владата и од СПД – сестринската партија на СДСМ за заштита на македонскиот идентитет.
„Благодарни сме за поддршката, особено за резолуцијата на германскиот Бундестаг во 2023 година, со која испративте силна порака и поддршка за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Тоа беше резултат на државничката политика на СДСМ и соработката со германските социјалдемократи. Погрешните политики на актуелната власт во изминатата година ги загрозија сите овие успеси“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ рече дека е уверен дека поддршка од германската СПД ќе продолжи и понатаму, а од Берлин упати и јасна порака дека СДСМ ќе остане да ги брани државните и националните интереси.
„Не смее да се дозволи било какви додавки за македонскиот јазик во Извештајот на Европскиот парламент. Јазикот и и идентитетот не биле и не смеат да бидат предмет на додавки. Во сите документи на Европската унија македонскиот јазик е јасно потврден„ рече Филипче.
СДСМ останува цврсто посветен на европската иднина на државата и на стратешките партнерства што ја зајакнуваат македонската позиција на меѓународната сцена.
Македонија
Некст тајм, 2 Бона и Слаткаристика вечерва во Расадник, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повика сите на журка

Општина Кисела Вода и оваа вечер, во рамки на Културното лето 2025, кое е под слоганот „Сè на свое место“, нуди ново музичко доживување. На платото пред салата „Расадник“, од 20:30 часот, ќе настапат едни од најголемите музички имиња на македонската сцена – Некст тајм, 2 Бона и Слаткаристика.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ги покани сите граѓани да бидат дел од овој музички настан.
„Дали сте подготвени за уште една незаборавна вечер? 2 Бона, Слаткаристика и Некст тајм ќе се погрижат за тоа! Вечерва не се бројат часови, туку моменти! Подгответе се за вечер исполнета со добри вибрации и незаборавна забава. Не дозволувајте да ви раскажуваат – бидете дел од најдобрата журка во Скопје! Вечерва, 20:30 часот, плато пред сала Расадник“, повика градоначалникот Ѓорѓиевски.