Македонија
Тренчевска – Дрекслер: Продолжува силната поддршка од секој аспект на патот до Европската Унија
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Петра Дрекслер. На средбата беше истакната досегашната соработка на Министерството за труд и социјална политика со германската амбасада. Исто така, беа дискутирани и моментните случувања на територијата на државата во однос на предлог-законот за родова еднаквост и предлог-законот за матична евиденција.
Од страна на амбасадорката Дрекслер на средбата беше искажана особена поддршка во делот на усогласување на законските регулативи и креирање политики што се дел од патот кон Европската Унија. Таа исто така посочи дека е голема поддржувачка за решавање на предизвиците за родовата еднаквост со особен фокус на феминизмот.
Во однос на моментната состојба и отворената општествена дебата за двата закона – законот за матична евиденција и законот за родова еднаквост – зборуваше министерката Тренчевска. Таа го истакна вистинското значење на законите со посебен акцент на објаснување на важноста на законот за родова еднаквост, кој е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика. Министерката посочи дека целта на законот е воспоставување механизми кои ќе ја унапредат родовата еднаквост на територијата на целата држава како на локално така и на национално ниво. Тренчевска особено стави акцент на тоа дека законот за матична евиденција и законот за родова еднаквост се два засебни закона.
На крајот од средбата амбасадорката Дрекслер ја изрази својата силна поддршка до министерката Тренчевска во однос на расчистување на наративот во општеството за моментните предлог-закони и нивното вистинско значење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

