Македонија
Тренчевска: За мене е гордост што можам да истакнам дека системот за социјална заштита функционира
Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес беше во теренска посета на Општина Прилеп. Во теренските активности ја опфати посетата на Центарот за церебрална парализа, Центарот за социјална работа и посета на корисници на услугата Помош и нега во домот.
За време на посетата на Центарот за социјална работа дополнителната заменичка министерка даде изјава за медиуми во која истакна дека ширењето на дезинформации за функционалноста на системот за социјална заштита никогаш не треба да биде тема за дебата на еден министер за труд и социјална политика.
„Денес по посетата на центарот за социјална работа во Прилеп уште еднаш потврдувам дека ширењето на дезинформации никогаш не треба да биде главното делување на еден министер. Туку чесната работа и запазување на потребите на граѓаните. Времето на Ковид нѐ натера да го направиме системот на социјална заштита флексибилен затоа што на граѓаните им беше потребна поддршката од државата и ние како Влада веднаш излеговме во пресрет. Во тој момент го спуштивме критериумот за поседување на возила за да може граѓаните полесно да стигнат до финансиски средства тогаш кога беа потребни лекови и поголема грижа за здравјето. Пред извесен период центрите беа обвинети за измама со податоци од мерка која ја донесов јас заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски“ истакна Тренчевска.

Таа посочи дека злоупотребата на системот за социјална заштита за неа претставува црвена линија која нема да ја премине и затоа кога веќе не било потребно системот да биде флексибилен потпишан е меморандум со кој ќе се подобри системот и нема да се злоупотребува.
„Во Прилеп се утврдени вкупно 118 случаеви кои се пронајдени благодарение на потпишаниот меморандум за размена на податоци во реално време. На истите им се дадени решенија за прекин на правото и забрана за користење на права од социјална заштита од една година“ изјави Тренчевска.
Дополнителната министерка истакна дека нејзината позиција никогаш не ја искористи за политички поени и манипулација на корисниците. И на крај ја истакна нејзината визија за иднината на системот на социјална заштита.
„За мене е гордост што можам да истакнам дека системот за социјална заштита функционира, за граѓаните, за нивните потреби и по нивна мерка. Секој граѓанин кој има потреба од поддршка е опфатен од системот. Јас како министерка, имам визија и за понатаму, системот за социјална заштита не е крајна станица, туку прва. Ги зајакнуваме граѓаните, и со дополнителни мерки ќе ги поттикнуваме да се вклучуваат на пазарот на трудот. Затоа што секој граѓанин во нашата држава заслужува да го исполни својот целосен потенцијал“ потенцираше Тренчевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.
Македонија
Тошковски – Хани: Зајакнување на антикорупциските механизми и унапредување на регионалната соработка
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во насока на зајакнување на институционалните капацитети за спречување на корупцијата.
Во фокусот на разговорите беа обуките за изработка на Национална проценка на ризик од корупција и антикорупциската проверка на законодавството во областа на внатрешните работи, при што беше истакната активната улога на Македонија како потписничка на Меѓународниот договор за размена на податоци за проверка на изјавите за имотна состојба. На средбата беше нагласено дека нашата држава претставува водечки пример и референтна точка за земјите кои сè уште не пристапиле кон овој механизам.
Тошковски ја потенцираше важноста од системски пристап во детектирањето и намалувањето на ризиците од корупција во безбедносниот сектор, како и значењето на регионалната соработка и размената на искуства.
„Борбата против корупцијата е еден од нашите врвни приоритети. Преку зајакнување на интегритетот на институциите, унапредување на законодавната рамка и користење на современи механизми за проценка на ризици, создаваме систем во кој корупцијата станува сè потешка, поскапа и неисплатлива. Поддршката и експертизата на РАИ во овој процес имаат значајна улога, а Министерството за внатрешни работи останува силно посветено на развој на ефикасни и одржливи антикорупциски политики“, истакна Тошковски.
На средбата беа разгледани и конкретни можности за идна соработка преку заеднички активности, обуки и проекти насочени кон јакнење на превентивните и репресивните механизми во справувањето со корупцијата.
Македонија
Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства
Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот овчар Трајко Бојковски од селото малотино, Старо Нагоричане, осомничен дека е серириски убиец. Обвинителството ја прошири истрагата за уште едно кривично дело – убиство, за кое е предвидена казна доживотен затвор, извести денес обвинителот Љубомир Лапе.
Обвинителството веќе обезбеди докази за две убиства и еден обид за убиство со ДНК анализи кои посочуваат кон 25-годишникот, кој е во притвор. Сите жртви се од истиот регион и според Обвинителството, нема докази за сексуално насилство. Дадени се наредби за психијатриско вештачење на осомничениот и сè уште не е утврден мотивот за убиствата.
За расчистување на случајот дадени се наредби на МВР да ги извади сите можни пријави, поплаки, телефонски јавувања, очевидци за настаните поврзани со осомничениот кој од СВР Куманово веќе има кривична пријава за две тешки кражби.
Кумановската обвинителка Теута Рамдани потсети дека истрагата за Бојковски почна по пријава од 83- годишна жена која успеала да преживее напад од осомничениот.

