Македонија
Тренчевска: Згрижувачките семејства даваат резултати, децата без родители и родителска грижа растат во семејна атмосфера
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го посети згрижувачкото семејство Гошеви кое има згрижено три деца, на возраст од четири, четиринаесет и осумнаесет години, со различни социјални и здравствени ризици.
„Со вистинска посветеност, љубов и грижа згрижувачкото семејство Гошеви целосно успеале да создадат семејна атмосфера која е од големо значење за психофизичкиот развој на децата. Како Министерство за труд и социјална политика тоа е и нашата заложба, преку реформите во социјалната заштита, децата без родители и родителска грижа бидат сместени во опкружување кое е најблиску до семејната атмосфера. Задоволството на згрижувачите и среќата која зрачи од лицата на децата е потврда дека реформата дава вистински резултати“, рече Тренчевска.
Таа посочи дека семејна поддршка, вниманието и грижата се клучни за напредокот на децата.
Со цел поддршка на згрижувачките семејства и поттикнување на граѓаните кои имаат услови станат дел од згрижувачките семејства, во нашата држава воспоставени се три центри за поддршка на згрижувачки семејства, тоа се центрите при СОС Детско село, Детскиот дом „11 Октомври“ Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола.
Центрите за поддршка на згрижувачките семејства се воспоставени со новиот Закон за социјална заштита и нивна задача е подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки семејства. Во моментот во државата има 324 згрижувачки семејства во кои се сместени вкупно 576 корисници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

