Македонија
Тренчевска: Македонија е пример за земјите во регионот во однос на борбата со трговија со луѓе
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со ново избраната генерална директорка на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Ејми Е. Поуп, која е првата жена директорка на ИОМ.Меѓународната организација за миграција е водечка меѓународна организација во областа на миграцијата и е посветена на принципот дека хуманата и уредна миграција е од корист за мигрантите и општеството. На средбата се разговараше за областите во кои соработува Министерството за труд и социјална политика и Меѓународната организација за миграција со фокус на внатрешна и надворешна миграција, трговија со луѓе и родова еднаквост.Тренчевска истакна дека од неодамна е објавен извештајот за трговија со луѓе на Стејт Департментот, каде се истакнува доброто справување на државата со предизвикот со трговија со луѓе. Министерката ја посочи соработката меѓу институциите и креирањето на Оперативни тимови во состав со претставници на ИОМ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и невладиниот сектор кои работат на заштита и превенција од трговија со луѓе. Тренчевска исто така го истакна и зајакнувањето на капацитетите на вработените во институциите во однос на предизвикот.Отворена беше и темата за работната сила на пазарот на трудот во државата, како и за тоа на кој начин може да се оствари соработка за насочување на регуларните мигранти кон приклучување на пазарот на трудот. Според директорката на ИОМ ваквото насочување на мигрантите со прилагодување на законските регулативи може да ги задоволи потребите од побарувачката на пазарот на трудот, а при тоа да се почитуваат основните човекови и работнички права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

