Македонија
Тренчевска: Меѓусекторската соработка секогаш носи поголем успех во исполнување на целите за подобар квалитет на живот
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со новиот министер за транспорт и инфраструктура во Туркије, Абдулкадир Уралоглу. Тренчевска на почетокот на средбата на новиот министер, Уралоглу му посака успешна работа и го покажа своето уверување дека министерот ќе придонесе кон поголем развој на регионот.

Како што соопшти МТСП, на средбата било разговарано за инвестицијата на модерна детска градинка во Бутел започната преку соработката со бизнис секторот со Програмата на Турската авиокомпанија – ТАВ. За градинката издвоени се 580.000 евра за изградба, а во неа ќе се згрижат околу 100 деца. Тренчевска истакна дека поддршката за изградба на нови градинки придонесува кон исполнување на целта на Владата, згрижување на што повеќе деца во предучилишните установи.
Воедно на средбата се разговараше и за важноста на инвестициите во инфраструктурата во двете држави. Тренчевска истакна дека моментално Република Северна Македонија како приоритет инвестиции ги зема патиштата како предуслова за поголем економски развој, соопшти МТСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

