Македонија
Тренчевска: Нема нов почеток со стари корумпирани кадри
Очигледно е дека есапот во Белата палата и надвор од неа не е ист, па се измислуваат нови министерства, се распарчуваат постоечки министерства само да се задоволат апетитете на сателитите на ВМРО-ДПМНЕ, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска на денешната собраниска седница.
Тренчевска посочи дека за краток период има различни изјави и лаги, за ваквата гломазна влада.
Од првичните изјави на ВМРО-ДПМНЕ, по победата на парламентаните дека Владата ќе бори 16 членови, денеска пред нас е предлог зголемен дури за 50 проценти, односно со нови 8 министри, нагласи Тренчевска, додавајќи дека за да се оправда сето ова се користат зборови како реформа, нов почеток и слично.
Но сосема е извесно впечатливо дека ниту ќе има нов почеток, ниту „р“ од реформите ќе има. Дополнително на тоа ако се погледнат биографиите на предложените министри, ќе видиме дека нов почеток, со најголем дел стари корумпирани кадри, коишто беа дел од режимот на ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година, не може да очекуваме од нив. Единствено што може да очекуваме од нив да си ги засукаат ракавите за рачињата подлабоко да им брцат во медот, истакна Тренчевска.
Трнчевска додаде дека вешт во оваа техника е кандидатот за министер за Локална самоуправа и може да го сподели ова искуство со остнатите членови на Владата.
Кандидатот за министер за транспорт и врски може да сподели своите искуства од кавијар дипломатијата во Азербејџан, кандидатот за министер за одбрана може да го сподели искуство од ЈП за државни патишта, министерството за транспорт, а Горан Минчев, кандидатот за министер за администрација искуството од директорувањето со СОЗР, нагласи Транчевска, додавајќи дека владата со ваквиот предлог на кандидати има одличен потенцијал за споделување на вакви исксуства.
Тренчевска истакна дека предложените кандидати имаат и импозантни биографии на дури пет реда, со искуство од нула денови во ресорите за кои се именувани, наведувајќи ги како пример предлозите за министри за социјална политика, демографија и млади, за трудови политики, вработување, социјален дијалог, како и за ресорот правда.
До пред неколку години главен кадровик во СДСМ денес сателите на ВМРО, ќе биде задолжен да ги смести партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата. Генерален секретар на СДСМ, пратеник од редовите на СДСМ 6 години, директор на СОЗР, заменик директор на ЈП водовод и канализација е предлог за министер за администрација, нагласи Тренчевска, додавајќи дека очигледно за личниот интерес и образот и идеологијата ќе си ги продаде.
Во врска со правата на жените и родовата еднаквост, Тренчевска наласи дека доаѓаат тешки времиња.
Од 24 членови на владата 3 се жени или тоа е 12.5 проценти. Тоа е погубно за жените и за самото општество. Наместо да одиме кон поголемо вклучување на жените во политиката процесите ги враќаме назад. Ништо ново за вас. Како што вашето лицемерие го знаеме од минатото од Истанбулската конвенција, законот за прекин на бременост, не очекуваеме ништо ново во делот на женските права и родовата еднаквост, порача пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)
Македонија
Јаневска: Со универзитетите го подготвивме и со конструктивна дебата ќе го завршиме Законот за високото образование
Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив во соработка со Универзитетите го започнавме и на ист начин ќе го завршиме Законот за високото образование, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред почетокот на 4-тата јавна дебата, што денес се одржа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Министерката уште еднаш нагласи дека сè што работната група смета дека е прифатливо, ќе биде инкорпорирано во новата драфт верзија на Законот, која потоа повторно ќе биде поставена неколку дена на ЕНЕР.
– Последниве денови се изнаслушавме дезинформации и лаги дека се укинува вонредното студирање, дека државата не финансира објавување на научно-истражувачки трудови и други. Лагите и дезинформациите, претпоставувам, треба да бидат на штета на министерот или на партијата, но во суштина се на штета на државата и на младите луѓе кои живеат во неа и апелирам дека треба да се престане со тоа, затоа што сме отворени за секоја конструктивна критика. И сè што сметаме дека е во ред, ќе биде внесено во законот, додаде Јаневска.
За дебатата со приватните универзитети, министерката рече дека била конструктивна и дека се договориле речиси за сè.
– Јас сум многу среќна што приватните универзитети реагираа на високо ниво. Се договоривме со нив, кога ќе го завршуваме законот, дополнително уште еднаш ќе се видиме, за да провериме дали е сè во ред и ќе ја затвориме тогаш последната драфт верзија, рече Јаневска.
Прашана за можноста за бесплатно високо образование, Јаневска објасни дека сите категории студенти што треба да го имаат, веќе го имаат.
– Накусо, студентите кои се без родители, од самохрани и еднородителски семејства, со попреченост и сл., со овој закон се ослободени од партиципација. Студентите кои се од ранливи категории, со ниски примања, добиваат стипендии. Што значи 2 месеци од стипендијата што ја примаат 9 месеци, им ги покрива трошоците за студирање. Студентиве од истиве категории, кои се сместени во студентските домови, исто така се максимално повластени. Нашите студенти, само ако се запишат на универзитет, добиваат средства за студентски оброк, изјави Јаневска.

