Македонија
Тренчевска: Секоја иницијатива што има цел унапредување на родовата еднаквост е важна
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, присуствуваше на презентирањето на новата иницијатива – „Алијанса за родова еднаквост на работно место“. Иницијативата на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми за унапредување на родовата еднаквост на работното место, еднакви можности, еднаква застапеност и вреднување на трудот.
Тренчевска истакна дека Министерството во моментот работи на подготовка на нови законски решенија, кои ќе значат унапредување на родовата еднаквост во посебните области на општественото живеење.
„Интезивно работиме на Законот за работните односи, каде што ќе биде директно транспорирана директивата на ЕУ за хармонизација на семејниот и професионалниот живот, што ќе значи дополнително унапредување на положбата на жената на пазарот на труд и подобрување на условите за работа на жените во процесите на работа. Исто така, работиме и на нов закон за родова еднаквост, кој ќе придонесе за зајакнување на механизмите за родова еднаквост на национално и локално ниво и унапредување на родовата перспектива во сите општествени текови“, рече таа.
Истакна дека во духот на европските вредности, во рамките на ИПА-проектот „Подобрување на условите за работа“, Министерството за труд и социјална политика објави јавен повик за финансиска поддршка на мали, микро и средни компании, кои ќе работат на промовирање флексибилни работни ангажмани и мерки за усогласување на семејниот и професионалниот живот. Преку проектот се обезбедува финансиска поддршка за најмалку 6 компании што ќе промовираат родова еднаквост во рамките на нивната компанија, појаснуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Тренчевска изрази поддршка за воспоставувањето на Алијансата, која како платформа ќе го обедини приватниот сектор и им ќе биде партнер на Владата и на Министерството за труд и социјална политика во креирањето на сите политики што се однесуваат за унапредување на еднаквоста, подобрување на условите за работа, еднаквата плата и праведни работни места за жените и за мажите во нашето општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

