Македонија
Тренчевска: Сржта на националните политики и законодавство се еднаквите можности и праведните услови за работа и инклузивност
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, присуствуваше на пленарна седница на секторската работна група за образование, вработување и социјална политика, на која присуствуваше и министерот за образование и наука, Јетон Шакири.
Министерката Тренчевска во своето обраќање истакна дека постигнувањето консензус за реформите што се почнати и промените што треба да се направат на среден и долг рок, како и справувањето со актуелните предизвици, е клучно да се спроведуваат преку инклузивен процес, дијалог и партнерство со релевантните фактори.
„Развојот на човечкиот капитал преку разни пристапи и можности и поддршката на младите на пазарот на труд, социјалната инклузија и целосната поддршка на лицата изложени на социјален ризик овозможуваат забрзан и одржлив економски раст и развој кон подобар животен стандард“, истакна Тренчевска.
Таа потенцира дека сржта на националните политики и законодавство се еднаквите можности, пристапот до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност, а нивната имплементација е насочена кон создавање на праведна и одржлива економија, подобрување на животниот стандард на граѓаните, особено на најранливите категории граѓани, а со тоа настојување за целосно искоренување на сиромаштијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.
Македонија
Во наредните денови дожд, на планините снег – температурите растат
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 6 до 11 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини и од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во среда повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

