Македонија
Трибина на СДСМ за дигитализација: Услуги за сите граѓани со само една најава преку мобилен телефон
На програмската трибина на СДСМ, посветена на темата дигитализација, надворешните експерти заклучија дека земјава е на вистинскиот пат кон целосна дигитализација и поради напорите на Владата во изминатиот период и поради капацитетот кој го има државата.
Основачот на „System for Enterprise“, Стефан Митевски истакна дека има многу „фриленс“ даватели на дигитални услуги во државата што е позитивно.
„Според истражување на институтот Оксфорд ние сме втори по број на фрiленсери во светот, не само во Eвропа, така што има доста голем број на луѓе кои даваат и извезуваат дигитални услуги и доста е позитивно тука што извезуваме мозок,тоа е една од најдобрите гранки во економијата, бидејќи додадавме голема вредност. Што се однесува до администрацијата, одличен чекор е што ќе имаме е-услуги, се надевам дека тој момент, со едно место на најавување, ќе може да користи и во приватниот сектор, за да со една најава може да се добијат услиги од осигурителни компании, банки и други“, рече Митевски.
Моника Ризова истакна дека сме во чекор со светските трендови во однос на следење на трендовите, бидејќи тоа е индикатор за успехот на секоја ИТ компанија.
„Ме радува што имаме 70 отсто пораст на онлајн навиките кај граѓаните, тоа е доста добар индикатор дека се повеќе почнуваме да веруваме и да купуваме особено од македонски е- продавници. Ме радува и фактот што 40 отсто веќе има запишано студенти на ФИНКИ, а сигурно дека тој број ќе расте”, рече Ризова и додаде дека верува во позитивна иднина на дигитализацијата во нашата држава.
Маријана Нешковска, прокет менаџер во „Sorix“, смета дека државата е на правилен пат и со воведувањето на е-Услуги. Таа истакна дека сега се потребни подготовски на институциите и промени во законските решенија.
„Голем напор треба да се вложи во подготовка на институциите. Приватниот сектор е многу поспремен во процесот на дигитализација, а исто така треба да се работи и на промени на законските регулативи. Ккао пример ќе го споменам проектот “МојТермин” . Рецептот постопи како дигитален повеќе од 6 години. Може ова вака делува смешно бидејќи сите сме сведоци дека граѓаните носат рецепти на хартија, ноот не е во системот не може и да с еподигне. Затоа велам дека потребни с еи измени во законските регулативи, а веројатно до овој момент недотигаше и регистароитот на граѓани кој откако сега ќе биде воведен, овој процес ќе може целосно да се дигитализира“, рече Нешковска.
Претседателот на комисијата за информатичко општевство на СДСМ, Методија Димовски, потсети на револуционерниот чекор направен пред петнаесетина години во однос на дигатализација, кога се направи “аплај он” системот.
„Тогаш го систематизиравме пријавувањето за работа во државната администрација во тоа време. Сега тој систем е проширен и надграден и ги опслужува добар дел од другите институции во јавниот сектор. Значи 15 години имаме дигитализација на најголемиот дел на тој процес. И она што е куриозитет тој софтвер во тоа време беше и награден и признат од Европа. Веќе се претвораме во “тек” земја и треба да инвестираме во тој дел“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

