Македонија
Тринаесет државни службеници ќе бидат вработени во новата Агенција за примена на јазици
Новата Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Северна Македонија објави оглас со кој вработува 13 државни службеници на различни позиции.
Во огласот се бараат по еден државен советник за преведување и лекторирање. Пишува дека е предвидено за тие позиции нето-платата да биде 37.968 денари.
Се бараат и државен советник за соработка со Владата и односи со јавност за иста плата од 37.968 денари.
Останатите позиции се: раководители на секторот за поддршка на директорот за плата од 36.930 денари, раководител на секторот за планирање, координација и развој, раководител на сектор за превод и лекторирање, на одделението за соработка со Владата, на одделение за превод, раководител на одделение за лекторирање…
Со огласот се бараат и советник за следење, унапредување и заштита на примената на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, соработник за следење, унапредување и заштита на примената на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, помлад соработник за информатичка поддршка, помлад соработник за соработка со Владата…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

