Македонија
Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење финансиска поддршка од 1.000.000 денари
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорот на Управа за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во износ од 1.000.000 денари.
Со се овој износ од еден милион денари, целокупната поддршка на УХМР од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на годината изнесува 13 милиони денари.
Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во висина не повеќе од 1.000.000 денари со вклучен ДДВ.
„Целта на овој Договор е санација и модернизација на радарски центри и метеоролошки станици. Само преку редовно информирање може да се предупреди за евентуалните непогоди кои што можат штетно да влијаат врз земјоделието“, појасни министерот Трипуновски.
Министерот Трипуновски додаде дека преку активната соработка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Управата за хидрометеоролошки работи може да допринесе подобрување на метеоролошкиот систем во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

