Македонија
Трипуновски: Се појави птичји грип во Македонија – власта молчи наместо да ја информира јавноста
Се појави птичји грип во Македонија. Власта молчи наместо да ја информира јавноста и да преземе итни мерки, обвини Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Иако една од првите работни посети на Љупчо Николовски се случи во Агенцијата за храна и ветеринарство, каде што намерата беше да се покаже институционалниот капацитет на ресорот, сите нивни медиумски напори паднаа во вода.
Р. Македонија за многу кратко време се соочува со уште една опасна заразна болест, птичји грип кај живината. Болеста е лабораториски потврдена во с. Злокуќани, општина Карпош, но надлежните во Агенцијата за храна и ветеринарство се однесуваат како да се на колективен годишен одмор. Јавноста не е информирана, НЦКБ (Националниот центар за контрола на болеста) не може да се собере, а уште помалку да донесе сет мерки, живинарските производни капацитети не се запознаени, а со тоа и не се ставени во состојба на зголемена претпазливост.
Што треба да се случи во државата за најповиканите да понесат одговорност. Живинарството е под закана на големи загуби. Агонијата во сточарското производство продолжува. Р. Македонија што побргу мора да се ослободи штетните политики со кои СДСМ 5 години по ред носи безидејност и ниска продуктивност во македонскиот аграр“, напиша Трипуновски на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Финансиска полиција поднесе кривична против бизнисмен, го оштетил буџетот на државата за 11 милиони денари
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.Г во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје и против правното лице Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело 60-а од Законот за Данок на додадена вредност.
Првопријавениот од 03.08.2021 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје, постапил спротивно на член 43 став 3 од Закон за ДДВ, на начин што, пријавената даночна обврска по основ на ДДВ во износ од 11.004.500 денари која бил должен да ја плати во рок од 15 дена по денот на приемот на решенијата за утврдување на данок, не ја уплатил, односно ја присвоил за себе и пријавеното правно лице, со што пријавениот го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 11.004.500 денари.
Македонија
СДСМ: Пациентите страдаат – Таравари и неспособната Влада ја доведоа Онкологија пред колапс
СДСМ изразува сериозна загриженост за катастрофалната состојба на Клиниката за онкологија во Скопје, каде што пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостаток на животно потребни лекови, недостаток на здравствен кадар и елементарни услови за лекување.
Оваа состојба, како што велат од партијата, е резултат на неспособноста и негрижата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот Таравари кој се шета по Вашингтон и си објавува слики додека пациентите страдаат.
„Недостатокот од лекови, недостигот од кадар и очигледната негрижа за потребите на пациентите се директен показател за уништувањето на здравствениот систем под раководството на оваа влада. Нивните ветувања за реформи и подобрување на здравството се покажаа уште една празна лага. Додека владините функционери трошат народни пари за луксуз, мебел, коли и замислуваат нови авиони за мининистрите македонските граѓани плаќаат со најскапото – своето здравје“, се вели во партиското соопштение.
СДСМ бара итна реакција за набавка на неопходните лекови и зголемување на бројот на здравствен кадар на Онкологија.
Македонија
„СДС е на сигурен пат да ја снема, исто како што го снема и Артан Груби“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДС е на сигурен пат да ја снема. Со нивното молчење, СДС е на пат да исчезне и да ја снема, исто како што исчезна и го снема Артан Груби. Како изминуваат деновите, а не се извинува за тоа што го остави Груби да краде и прави криминални дела, СДС губи се повеќе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Единствени виновници и одговорни за криминалите на Артан Груби се СДС кои, иако Оливер Спасовски го имаа министер за внатрешни работи за време на целиот период на владеење, ниту го спречија, ниту против него поведоа постапка.
СДС го имаа под нивна контрола и судството и обвинителство, но иако Артан Груби се најде на црната листа на САД за примање мито за влијание, преку одредени судии, врз судски одлуки, но таквите информации не допреле до нив. Па така, се до последните денови на нивната власт немаше никаков предмет или истрага против Груби.
Судско обвинителската власт, како и МВР кои треба да постават ред и поредок како и правна држава, меѓу другото, молчеа за еден од случаите кои сега веќе два месеци ја тресе македонската јавност, а тоа е Артан Груби.
Веќе на сите им е јасно, дека СДС свесно му дозволи на Артан Груби да краде и дека тоа го направиле за да останат подолго време на власт.
Да не беа СДС и нивната желба за останување ден повеќе на власт, криминалот Груби и неговото пљачкање на државата, немаше да биде возможен.
А, со тоа што не се извинуваат, СДС само потврдуваат дека без нив Артан Груби немаше да и се случи на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.