Македонија
Трипуновски: Системите за наводнување се руинирани и неисчистени, водата повторно и оваа година ќе биде проблем за оризопроизводителите
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство денес е во работна посета на општина Чешиново-Облешево каде што оствари средби со земјоделците од овој регион исто така го посети и системот за наводнување на земјоделските површини.
Изминатиов период откако Љупчо Николовски најави дека ќе има вода за сите во кочанскиот регион добив многу пораки од земјоделците кои ме известија дека во реалноста ситуацијата и не е така розова. Состојба со системите за наводнување е катастрофалната, каналите се руинирани, стари, неисчистени и нефункционални. Повторно и оваа година водата ќе биде проблем за оризопроизводителите, а со тоа се доведува под знак прашалник и новата производна сезона. – изјави Трипуновски.
Дека неподготвени влегуваме со сезоната за наводнување говори и фактот дека за чистење на доводните канали за наводнување е потрошено само 30 работни часови со една машина. Со ова ќе имаме лош старт на наводнителна сезона со што ќе се пролонгираат роковите за засејување на оризовата култура и наводнувањето преку цела наводнителна сезона ќе се одвива со потешкотии.
Потребно е многу работа во секторот земјоделство министре Николовски, особено во делот на водостопанството, вие овие 7 години ги преспавте и ништо не сработивте. Единствено добро е тоа што наскоро вие ќе си заминете, а на ваше место ќе дојдат луѓе кои посветено и искрено ќе работат за доброто на македонските земјоделци, тие ќе имаат вистински партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ! – заврши Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

