Македонија
Трипуновски: Ќе го следиме откупот на пиперката до последниот килограм додека не се откупи во согласност со договорените цени
„Денеска заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум на терен во општина Могила и општина Кривогаштани, сакав лично да се уверам со текот и откупот на пиперката од реколта 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Согласно она што го видов во овој дел на државата, кај дел од откупувачите има мало отстапување во делот на цената. Согласно препораките на Инспекторатот и сите ќе се корегираат“, изјави министерот.
Тој апелираше до земјоделците дека ќе се следи откупот до последниот килограм на пиперка за да се откупи по договорените цени.
„Сакам да апелирам до земјоделците дека ние како институција ќе го следиме откупот до последниот килограм додека не се откупи согласно препорачаните односно договорените цени пред почетокот на откуп“, појасни Трипуновски.
„Во наредните денови ќе одржиме и дополнителен состанок со преработувачите каде што ќе разговараме за преклопување на реколтата од струмичкиот и прилепскиот регион. И тоа се со цел да нема големи осцилации во делот на преработката“, изјави тој.
Министерот вети дека земјоделците оваа година треба и ќе бидат задоволни од откупот и пласманот на пиперката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

