Македонија
(Видео) Три минути молк на почетокот на протестот

Протестот на Партизанска започна со три минутен молк.
Присутни се голем број граѓани со транспаренти на кои пишува „Безбедноста е право, не привилегија“, „За монструмот да не лежи во затвор, Фросина лежи во гроб“, „Казна за родителите“, „Не е кобно местото, туку луѓето и системот“, „Судии, ослободете ја правдата“ и други.
Насобраните граѓани ќе се движат до Собранието, Основното јавно обвинителство, а ќе се завршат пред Кривичниот суд.
Иницијативата „Кој е следен“ објави правила и препораки за однесување на протестниот марш:
1. Почитувајте ги инструкциите на редарите;
2. Движете се постојано по рутата на маршот и во насоката по која маршираат присутните;
3. Забранети се партиски обележја – протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира;
4. Избегнувајте секакви провокации и не реагирајте на истите. Не се впуштајте во конфротација;
5. Забрането е носење на остри предмети, оружје, пиротехники и слични предмети;
6. Почитувајте го јавниот простор – одржувајте чистота и не оставајте отпад. Забрането е уништување на јавен и приватен имот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.