Македонија
Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија
Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 30, Куманово – 8, Дебар – 1, Штип – 13, Прилеп – 5, Тетово – 3, Струга – 11, Велес – 1, Битола – 1, Охрид – 2, Кавадарци – 1, Гостивар – 1, Пробиштип – 1, Кратово – 1, Свети Николе – 1, Кичево – 8.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје – 70, Штип – 6, Прилеп – 4, Тетово – 31, Велес – 3, Кочани – 2, Пробиштип – 1, Кичево – 1, Ресен – 4, Неготино – 1.
Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип. Во ГОБ „8 Септември“ починати се пациенти на возраст од 43 и 72 години. Во КБ Штип е почината пациентка на 76-годишна возраст.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197, бројката на оздравени пациенти е 4.326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.486.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови, вкупно хоспитализирани се 88 пациенти. На респираторна машина се четири пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 302
• Аеродром – 162
• Бутел – 135
• Гази Баба – 199
• Центар – 138
• Карпош – 145
• Сарај – 118
• Кисела Вода – 107
• Ѓорче Петров – 113
• Студеничани – 116
• Шуто Оризари – 83
• Арачиново – 42
• Илинден – 23
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 11
• Сопиште – 12
• Зелениково- 15
• Странец – 6
• Нераспределен- 41
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
„Доколку ДПМНЕ добие преголема моќ ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство“, вели СДСМ
„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата“, вели СДСМ.
„Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство.
Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години.
Поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим“, соопшти СДСМ.
Македонија
Пендаровски по повод Светскиот ден на слобода на медиумите: Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето
Претседателот Стево Пендаровски упати порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите.
„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.
Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.
Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање. На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите“, порача претседателот Пендаровски.