Македонија
„Трчај бе“ во Битола, по втор пат спектакл
Второто издание на „Трчај бе“, само го потврди минатогодишниот впечаток, после првата трка, дека градот на конзулите не е само град на седење и пиење кафе, туку станува сериозен арбитер на тркачката мапа во нашата држава и регионот. Од оваа година, овој настан е и официјално прифатен и од Атлетската федерација на Македонија, а присуството на претседателката Александра Војнеска-Зикова, која го означи стартот на двете трки е потврда за значењето на „Трчај бе“.
Оваа година, организаторите и покрај тоа што беа соочени со здравствената криза предизвикана од Ковид-19, одговорија успешно на предизвикот да организираат трка во услови на пандемија, покажувајќи дека со многу посветеност, вклучување на професионален тим и пред сѐ љубов, можат да бидат надминати сите пречки и приредија вистински тркачки спектакл во Битола.
Одличната организација од минатата година беше причина, од мигот на објавување на пријавувањето на трката до пополнување на предвидениот број согласно здравствените протоколи, во само 48 часа да се пополнат сите места.
Нешто помалку од 600 натпреварувачи, поделени на трките на 5 и 10 километри ја растрчаа Битола. Посебните протоколи, кои важеа за оваа трка вклучуваа и мерење на температурата на секој од натпреварувачите, дезинфекција на старт и цел, задолжително носење на маска се до почетокот на трката, како и старт во бранови на одредено временско растојание по принципите на хронометар трка. Македонската атлетска елита беше присутна на настанот што беше гаранција за супер интересна трка.
„Трчај бе“ создаде нова спортска приказна во градот под Пелистер. И ова е дефинитивно најмасовниот спортски настан кој Битола досега го имала.
„Трчај бе“ имаше моќ да го промени животот на битолчани. „Трчај бе“ ги натера да почувствувате што значи да се придвижиш и физички и духовно. Блескава промена е да истрчаш една трка и низ целта да поминеш со подигнати раце. Ние тоа им го овозможивме, за да почувствуваат колку трчањето може да им го промени животот на подобро” изјави Никола Димитровски, познат битолски адвокат кој е директор на трката.
Тој со својот тим, иако во комплицирани услови заради здравствената криза, успеа многу успешно да го одржи ветувањето дека трка е можна, по сите протоколи, ако се има вистинскиот тим.
Бројни награди за победниците во различни категории, а како изненадување за нив, настап на најдоброто од Битола, групата Фолтин на целта, панк бендот Паркети на една од точките по патеката, Дувачкиот оркестар на Битола на друга точка, а бројни кафулиња и поединци организираа забава и бодрење за натпреварувачите низ целата патека, правејќи атмосфера како на големите светски маратони.
Актерите Марјан Ѓоргиевски и Никола Пројчевски, како и познатиот битолчанец Зоран Лазаревски-Паљото беа забава за натпреварувачите.
Резултати на 10.000 метри:
Мажи
1.Дарио Ивановски 30.50
2.Атанас Анчевски 33.31
3.Кокан Ајановски 33.57
Жени
1.Адријана Поп Арсова 37.17
2.Биљана Кираџиева 37.55
3.Миљана Ристиќ 39.06
Резултати на 5.000 метри:
Мажи
1.Кристијан Наумовски 17.08
2.Григоријан Никовски 17.12
3.Атанас Епов 17.22
Жени
1.Бојана Наумовска 20.49
2.Биљана Сивева 21.32
3.Марија Пеликон 21.44
Резултати на тимови:
Жени
1. Korruners
2. NRC – Nike + Run Club
3. Охрид ТрчаТ
Мажи
1. NRC – Nike + Run Club
2. АК Делта
3. Korrunners
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите.
Претседателката ќе биде главна говорничка на сесија посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој.
Сиљановска-Давкова ќе учествува на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува за прв пат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување на носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики.
Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на самитот.
Централна тема на настанот е „Обликување на влади на иднината“.
Светски самит на владите е глобален форум што поврзува шефови на држави и влади, меѓународни организации, експерти, претставници од приватниот сектор и други креатори на политики со цел да се промовира глобална соработка, иновации и решенија за идни предизвици на светско ниво. Самитот ги истражува најновите трендови и најдобрите практики во управувањето, технологијата, одржливиот развој и други клучни области за подобрување на животот на луѓето ширум светот.
На годинешното издание на самитот е најавено учество на над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 150 владини делегации и околу 6.000 учесници.
За време на работната посета на ОАЕ, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)

