Македонија
„Тука живеам, одлучувам, постојам“, кампања за пописот на Агенцијата за правата на заедниците
Почнува „Тука живеам, одлучувам, постојам“, кампања на Агенцијата за остварување права на зедниците за пописот 2021.
Слоганот е креиран и спроведен од Агенцијата за остварување на правата на заедниците во Република Северна Македонија со финансиска поддршка од Европска Унија.
„За Агенцијата за остварување на правата на заедниците, сите етнички заедници се важни и придонесуваат за социо-економскиот, културниот, правниот, како и политичкиот раст на Република Северна Македонија. Затоа, важно е на пописот да покажеме дека ние тука живееме, одлучуваме, постоиме“, вели Еран Куртиш, директор на Агенцијата.
Во кампањата како претставник на турската заедница е вклучена студентката Елиф Илијаз, од влашката заедница – новинарката и уредничка Јана Михаилова, од ромската заедница – студентката Џемилијана Абдулова, од бошњачката заедница – правничката Мерсиха Смаиловиќ, од српската заедница – преведувачот Стефан Радуловиќ, како и Мирољуб Орландиќ, кој е претседател на Мрежата за мултикултурно општество.
„Република Северна Македонија е мултикултурна држава. Во неа живеат многу етнички заедници, кои зборуваат на многу јазици и за нив пописот е важен. На овој попис секој треба слободно да си ја искаже својата етничка припадност“, истакна Орландиќ.
Според Агенцијата, најважно е на овој попис малобројните заедници да покажат дека сите заедно можеме да ги креираме политиките во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

