Македонија
Тупанчевски: Вмрежување на специјализираните обвинители во борбата против корупцијата

Министерот за правда Никола Тупанчески учествуваше на Конференцијата ,,Отворено за корупцијата во спортот во фокус мерката ваучери” која се одржа во Струмица.
Во своето обраќање тој се осврна на антикорупциската правна рамка која ги инкриминира делата на корупцијата и утврдува инструменти за превенција на корупција, применливи во сите области, вклучително и во областа спорт.
„Значаен аспект во борбата против корупцијата е подготовката на Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови, на која учествуваше и Министерството за правда на Република Северна Македонија, усвоен од високи владини претставници од јурисдикциите на Западен Балкан, на 25 јуни 2021 година во Охрид. Овој патоказ ги одразува заложбите за продлабочување на регионалната соработка и зајакнување на колективниот одговор за превенција и борба против корупцијата согласно највисоките меѓународни стандарди. Една од целите за зајакнување на одговорот на правосудството наспроти корупцијата и економскиот криминал, претставува вмрежувањето на специјализирани обвинители, органи за спроведување на законите и единици за финансиско разузнавање кои се вклучени во истрагата и прогонот на кривичните дела”, рече Тупанчески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемени утринските температури во државата, најстудено било во Крушево и Пожаране

Најстудено утрово било во Крушево и Пожаране каде што се измерени -2 степени, -1 било во Берово и Попова Шапка, 0 во Виница, Тетово и Крива Паланка, 1 во Струмица, Штип, Маврови Анови, Прилеп и Кавадарци, 2 во Скопје-Зајчев Рид и Велес, 3 во Гевгелија, Крушево, Скопје-Петровец, Демир Капија, Скопје-Петровец и Претор, 5 во Охрид.
Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнсувала 31 сантиметар на Попова Шапка и 8 во Маврови Анови.
Времето денеска
Умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во крајните источни и западни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.