Контакт

Македонија

Тупанчевски призна дека не платил за чартер-летот и билетот за фудбалскиот натпревар во Порто

Објавено пред

Министерот за правда Никола Тупанчески за „А1он“ призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, односно по четири денови од одржувањето на натпреварот. И покрај ова признание, тој и натаму тврди дека не го прекршил Етичкиот кодекс во кој има ограничувања до која вредност може да се примаат подароци, но и под кои услови.

dobivaj vesti na viber

„Чартер-летот не е вклучен, воопшто не е вклучен, затоа што и да сакате да биде вклучен, тој не може да биде вклучен. Постои начин на организација на патувањето. Начинот или селекцијата на луѓето коишто патуваат треба да биде направен од страна на луѓето кои го организираат патувањето. Јас сум само еден од големата делегација на новинари, лекарски екипи, гости кои патуваат и јас сум само составен дел од делегацијата. Дури морам да ви кажам дека и  делот  што е платен е платен на мое инсистирање бидејќи мислев дека така треба да биде“, вели Тупанчески за „А1он“.

На посочувањето дека ова значи дека не ја платил ниту ВИП-картата и ја добил како подарок, тој за „А1он“ рече: „Ајде уште еднаш, зборуваме за процедура што однапред е утврдена од страна на Фудбалската федерација. Тие имаат клуч на кој начин ги добиваат. Картата што ја имав добиено гласи на мое име и е 00 евра. Дали ме разбирате? И да сакате да платите, а за тоа има доказ,  практично картата е без цена“.

Прашан која е цената на летот рече: „Тоа беше чартер-лет, организиран за сите гости на Фудбалската федерација“.

Од давачки за патувањето, платил аранжман на агенцијата „Гуливер“, исто како и обвинителката Фатиме Фетаи. Не ја покажа фактурата, ниту доказ за исплатата, но тврди дека ја платил на 28 март, односно кога изби аферата за него и се врати од Палермо.

„Фактурата е подмирена. Ја достави агенцијата што го организираше патувањето. Фактурата е подмирена во рокот кога е дадена за подмирување. Дадена е пред патувањето, подмирена е во рокот што е наведен во фактурата. Нека биде ексклузивно, доставена е на 24, а натпреварот беше на 25. Подмирена е на 28, а рокот е до наредниот четврток“, кажа Тупанчески за „А1он“.

На нашата констатација дека фактурата е платена откако изби аферата, Тупанчески наспроти првичното тврдење дека рокот за плаќање е до наредниот четврток,  кажа дека имал рок од 7 дена. Тоа би значело дека фактурата требало ја плати до минатиот четврток, а не до идниот четврток.

„Не. Фактурата е доставена на 24 и има 7 дена за нејзино плаќање“. Кога одново му потенциравме дека фактурата е платена откако медиумите, како и јавноста, видоа на телевизија како навива од трибините, министерот вели: „Не, не. Таа ќе беше платена без оглед на медиумите. Претпоставувам дека знаете дека постои можност, односно агенциите кога го организираат патувањето даваат рок до кога треба да биде исплатата кон агенцијата“.

Тупанчески посочува дека детали за тоа колку пари и за кои услуги платил доставил и до Владата, која исто така врши проверки.

„Сите информации коишто треба да бидат доставени до институциите веќе се доставени. Ќе можете да видите, тоа ќе биде транспарентно. Нема никаков проблем, нема нешто што треба да се крие или да биде заткулисно. Веќе еднаш реков, мислам дека комуникацијата со новинарите треба да биде на поразлично ниво, апсолутно нема што да се крие, доставени се до институциите во моментот кога беа побарани, фактички беа доставени не истиот туку наредниот ден. Тоа е архивски евидентирано“, додава Тупанчески.

И покрај ова признание, дека не го платил летот, ниту картата, тој тврди дека не го прекршил Етичкиот кодекс.

„Во едно интервју, до сега второ или трето интервју каде го кажувам својот став, велам дека апсолутно ниту една одредба од Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата не е повредена. Не се потрошени буџетски пари, нема обезбедување, не е употребено службено возило и не е злоупотребена патната исправа за добивање некакви привилегии. И уште нешто, ако сметате на членот 17, дека станува збор за подарок, донација и така натаму, сето тоа има уште една додавка и ќе мора да се биде коректен во толкувањето на нормата. Тоа треба да биде поврзано со вршењето на функцијата. Дали се разбираме? Тоа е целата одредба, подарокот, донацијата секогаш треба да биде поврзана со вршењето на функцијата. Така е целата одредба. Не е повредена ниту една норма. Актот што ја уредува оваа проблематика или оваа материја, како што пред малку споменав,  е Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата. Ниту членот 17, ниту членот 19 ниту во еден дел од одредбата не се повредени. Тоа е личен став,  знаете дека таа проблематика посебно ја следам“, рече Тупанчески.

Тој додаде дека е подготвен да се соочи со последиците кои би произлегле ако го прекршил Етичкиот кодекс.

„Мислам дека треба да се оди во таа насока, стојам зад она што сум го направил, меѓутоа личниот став е консеквентен, и натаму останува дека ниту една одредба не е повредена. Тука се институциите, се разбира дека секогаш сум соочен со последиците што би произлегле од евентуалната повреда на етичката норма. Околу транспарентноста, секогаш сум бил транспарентен кога станува збор како професор, меѓутоа дефинитивно ова е сосема нов статус и на некој начин подразбира малку поинаков однос кон новинарите. Апсолутно немам што да кријам, стојам за тоа  што ви го кажав. Секогаш сте добредојдени за  каква било изјава“, додаде тој.

Македонија

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Објавено пред

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата архива на една партиска шема што со години се штитела од јавноста. Кога црната кутија еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот, велат од „Вреди“.

dobivaj vesti na viber

Според нив, Ккќниот притвор не е олеснување. Тоа е, како што велат, знак дека приказната влегува во фаза во која зборовите на ДУИ повеќе не важат, туку фактите.

„Институциите почнаа да ја копаат вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа парите. И токму затоа ДУИ денес е во паника.

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен. Тие не се плашат од мерката, туку од тежината на она што Груби го носи со себе. Бидејќи тој беше таму каде што се решаваше сè. Таму каде што се договараа работите „под маса“. Таму каде што се кроеше моќта и се делеа интересите.

Затоа стравот во Мала Речица не е случаен. Тоа е страв од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува. Кога ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги. И кога ќе стане јасно дека Груби не е само товар за ДУИ, туку потенцијална искра што може да ја запали целата нивна конструкција“.

Ова, додаваат од коалицијата, не е крај. Според нив, ова е почеток на процес што може темелно да ја разниша конструкцијата изградена околу Али Ахмети.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.

Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?

Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.

Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.

А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.

Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.

Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.

Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа2 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет2 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет3 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет3 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете граѓански научници ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на...

Свет3 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија17 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија19 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ21 час

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија21 час

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија22 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија23 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија1 ден

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија1 ден

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија1 ден

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет1 ден

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет1 ден

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа1 ден

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...