Македонија
„Убивме човек”, го читаше судијата повлечениот исказ на Хаки Азири за „Монструм”
Над 2 часа трае рочиштето на кое петтообвинетиот во „Монструм“, Хаки Азири говореше што правел на критичниот ден кога се случило убиството.
„Имав слободен ден и не работев. Ја садев бавчата”, им рече Азири на судиите. Тој потврди дека се сретнал во Арачиново со обвинетиот Алил Демири претпладнето. Се познавал и со останатите обвинети. На прашање на судијата, тој потврди дека имал 2 или 3 телефони и дека тогаш не знаел каде се наоѓа Смилковското Езеро.
Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи побара да биде прочитан исказот кој го дал пред истражниот судија Владимир Туфегџиќ, а кој подоцна рекол дека го повлекува поради притисоци. На записникот од 2 мај 2012 година, Хаки Азири признал дека со својот автомобил „мазда 626“ го однел Африм Исмаиловиќ до последната постојка на 9-ка во Топанско поле и го оставил на паркингот во близината. Исмаиловиќ влегол во црвената „опел омега“ со црвена боја, автомобилот кој полицијата го пронајде четири дена по убиството, на 10 километри од Смилковското Езеро.
Хаки Азири потоа околу 19.20 часот дошол на обиколницата кај Качанички пат, местото кое претходно го договорил со Алил Демири. Тој ги чекал таму 30 до 40 минути. Африм му рекол дека имаат да завршат нерасчистени сметки. Зад неговиот автомобил застанал црвениот опел омега, а во неговата „мазда” влегле Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Со себе немале оружје, а биле облечени во темни тренерки, имале црни ракавици на рацете и фантомки на главите.
Потоа, според тогашниот исказ на Хаки, Африм, кој седел на совозачкото седиште, на Хаки му кажал: „Направивме гомнарија, убивме човек!“ Потоа двајцата му кажале да вози кај него дома. Во 23 часот на интернет Хаки дознал што се случило.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

