Македонија
Угостителите од Балканот на заедничка маса во Скопје ќе разговараат за мерките поради коронавирусот
Северна Македонија ќе биде домаќин на првата регионална конференција „Ковид-19 – неформален партнер: Угостителите во очекување на вториот бран“ на 23 и 24 септември во Скопје во организација на Независната угостителска комора.
Организаторите на настанот велат дека во пресрет на вториот бран на вирусот, во изминатите денови сме сведоци на нови шокантни вести од целиот свет за новите рестриктивни мерки кои веќе се најавуваат за имплементација или веќе се на сила.
Со овие мерки, како што додаваат од комората, се задава нов и уште посилен удар на угостителската индустрија од која зависат и живеат милиони луѓе во светот.
Во земјата има 6.500 угостителски објекти со повеќе од 35.000 пријавени вработени и повеќе од 10.000 сезонски работници кои заедно со своите семејства сочинуваат повеќе од 200.000 од населението во нашата земја.

„Со оглед на тоа што не знаеме дали угостителскиот сектор во земјава, регионот и пошироко во Европа би можел да преживее во новосоздадените услови, Независната угостителска комора, поддржана од своите членки, одлучи дека е неопходно да се реагира на оваа ситуација со цел на време да се согледаат моменталните штети од првичниот удар од пандемијата на Ковид-19 и да се понудат решенија за надминување на дополнителните штети од вториот есенски бран на вирусот“ – изјави претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.
На конференцијата владини претставници и претставници на локалните самоуправи од регионот, заедно со претставници на релевантни институции од Европската Унија и Светската здравствена организација ќе разменат искуства за работите што ги имаат направено и активностите со кои планираат да ги ублажат последиците од пандемијата и вториот бран на заразени од Ковид-19.
Стручни медицински лица, балкански асоцијации, комори и здруженија на угостители, производители, дистрибутери, увозници и останати засегнати страни ќе имаат можност преку работни панели да придонесат кон дискусијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

